Предновогодишно интервју со Ноне Неделковска, пејачка: Во 2025 година сакам да ги оставам зад себе сите солзи што ги исплакав
Годината што изминува за пејачкатаВо 2025 година сакам да ги оставам зад себе сите солзи што ги исплакав беше година исполнета со промени, лични лекции, нови предизвици и моменти што ја обликувале повеќе отколку што можела да очекува. Во периодот кога празничната магија веќе влегува во домовите и кај луѓето, разговаравме со Ноне за „Слободен печат“. Таа ни откри дел од своите најдраги спомени, најважните лекции и солзите што сака да ги остави зад себе, но и надежите што ги носи во 2026 година.
Препорачано
Во продолжение следува топол и искрен новогодишен разговор за детските традиции, големите пресврти, малите добрини и желбите за следната година што веќе ги „спакувала“ под елката.
l На која новогодишна традиција од детството секогаш се сеќаваш кога ќе почне празничната магија?
– Најмногу и најубави спомени имам од училиште – сите заедно ја украсувавме училницата, вежбавме за приредби, рецитиравме песни и со радост го чекавме Дедо Мраз да ни подели новогодишно пакетче. Дома никогаш нема да го заборавам китењето на елката со мајка ми, со стаклени лампиони и многу шарени трепкачи што ја правеа собата волшебна. И секако, пишувањето новогодишни честитки – нешто што секогаш ми носеше посебна радост.
l Која е најважната лекција што ја научи во 2025?
– Сон, тело, ум и срце – моите темели што ме држат кога сè околу мене се менува.
l Кој момент од годината би го издвоила како најголем успех или пресвртница и зошто?
– Најголемата пресвртница во мојот живот беше кога заминав да работам на брод. Тоа искуство ме промени на начин што малку нешта можат – ме научи да гледам на светот и на луѓето без предрасуди, ме направи поотворена и посилна личност и ми покажа дека сум способна да се приспособам и да растам на начини што претходно не можев ниту да замислам. А што се однесува до најголемиот успех, иако имав неочекуван успех со музиката, чувствувам дека најголемиот успех допрва треба да го доживеам. Но, можеби сум многу блиску до него.
l Што би оставила зад себе во 2025, а што носиш со себе во 2026 година?
– Во 2025 година сакам да ги оставам зад себе сета болка, тагата и сите солзи што ги исплакав. Во 2026-та сакам да ја понесам со мене емпатијата – мојата сила да разбирам, да чувствувам и да бидам човек, без оглед на сè.
l Што те инспирираше најмногу оваа година?
– Нечии мали добрини ме потсетија дека во светот има многу повеќе убавина отколку што мислиме. Тие мали гестови го прават секојдневието посветло и ме учат да ги забележувам убавите моменти што се кријат во најобичните денови. Понекогаш доволно е само едно мало внимание за да те потсети колку е убаво да се биде човек меѓу луѓе.
l Која желба за 2026 би ја „спакувала“ под елката?
– Повеќе насмевки без причина – она слатко чувство кога сфаќаш дека ти е добро без ништо „големо“, без спектакли, без совршени моменти. Само ти, мирот во тебе и некоја мала искра што те потсетува дека е убаво да се живее. Сакам повеќе такви денови во 2026 година, природни, лесни и искрени.
l И за крај, дали накити дома? Како и со кого ќе ја дочекаш Новата година?
– Со песна за крај. „Среде соба високо, елката ни стои и ја красат играчки во илјада бои! Елко, елко, порасни уште две-три педи за да може Дедо Мраз дарови да реди!“ Многу ми е драго што сум дома и ќе ја дочекам Новата година со семејството.


