Пред финалето во Виена, паѓа рекордот на Ѓоковиќ
Најдобриот светски тенисер дојде во главниот австриски град како еден од најголемите фаворити, но на крајот не успеа да ја освои титулата.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Изненадувачки Новак Ѓоковиќ загуби доста убедливо од Лоренцо Сонего, но затоа ги забележа двете потребни победи за да остане на првото место на АТП листата до крајот на годината.
Овој пораз во Виена би можел максимално да го искористи Русинот Андреј Рубљов кој денеска ќе игра во финалето против Сонего (14.00 часот).
Ѓоковиќ по дебаклот: Го направив тоа што го сакав и за што дојдов во Виена
Доколку Рубљов дојде до трофејот, тоа ќе му биде вкупно петти оваа година. Претходно триумфираше во Катар и Аделаиде во јануари, во септември беше најдобар во Хамбург, а четвртата титула ја имаше во Ст. Петерсбург.
На спротивната страна Ѓоковиќ беше шампион на „Австралија опен“, во Дубаи и мастерсите во Синсинати и Рим и според тој учинок беше најуспешен во 2020, но Рубљов би можел да го престигне Ноле доколку ја освои Виена.


