Дебакл на Ѓоковиќ во Виена, елиминиран и Тим
Првиот светски тениски рекет доживеа понижувачка елиминација на турнирот во Виена. Ѓоковиќ во четвртфиналето во Виена загуби со 6:2,6:1 за 68. минути од 42. тенисер на АТП ранг листата од Лоренцо Сонего.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Почетокот на мечот започна неверојатно за Ѓоковиќ со премногу неизнудени грешки, неговиот противник му ги одзеде првите два сервис гема по кои Сонего веќе поведе со 4:0, а по само 32. минути првиот сет заврши со 6:2 за италијанскиот тенисер.
И вториот сет речиси идентична слика, Сонего направи брејк уште на самиот старт, а потоа дојде до нов брејк за предност од 1:4 додека Ѓоковиќ продолжи со катастрофалната игра и на крајот претрпе уште еден брејк со што доживеа вистински дебакл од 6:1 во вториот сет. Сонего во полуфиналето ќе игра против подобриот од дуелот помеѓу Димитров и Еванс.
Елиминација во четвртфиналето доживеа и вториот носител на турнирот во Виена, Доминик Тим кој е поразен од Андреј Рубљов исто така во два сета 5:7,2:6. Рубљов во полуфиналето ќе игра против Кевин Андерсон кој пак славеше со 6:4,7:5 над Данил Медведев.


