Потресни сведочења од притворените на протестите во Минск: Не соблекуваа голи, не тепаа и не мачеа, жените врескаа (ВИДЕО+ФОТО)

Британските медиуми пренесуваат хорор приказни од демонстрантите кои претрпеле тепање и малтретирање додека биле приведени.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко, крваво се пресметува со демонстрантите кои се кренаа против него по сомнителните претседателски избори на кои го освои шестиот последователен мандат.

Белоруските власти соопштија дека ги пуштиле на слобода приведените демонстранти, меѓутоа според зборовите на новинарите и сведоците, многумина од нив биле во видно лоша состојба.

Нехумани услови и малтретирање: Белоруските власти ги ослободуваат притворените демонстранти (ФОТО)

Притворените лица излегоа од затворот во Минск околу полноќ во четвртокот. Во петокот рано наутро волонтери виделе најмалку 119 лица како излегуваат од затворот во градот Жодино, пренесе АП.

Екипите на итната помош дојдоа да ги превезат оние кои не можеа да одат сами.

Лекарите им даваат медицинска помош на претепаните и измачуваните демонстранти кои беа притворени па пуштени /Минск 14 август 2020/ Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Претходно беше соопштено дека еден демонстрант починал во затвор, па во тек е истрага.

Протестен марш во Минск: Полицијата ги спушти штитовите во знак на солидарност со демонстрантите (ВИДЕО)

Британските медиуми пренесуваат хорор приказни од демонстрантите кои претрпеле тепање и малтретирање додека биле приведени.

Прочитајте и...  Во напад во Нигерија се убиени 18 луѓе, одговорноста ја презема Исламска држава

БиБиСи разговарал со неколку луѓе, влучувајќи и тинејџери кои опишале дека биле претепани, затворани на куп од по 20 до 50 луѓе во мали ќелии и држени надвор во дворот на затворот цела ноќ.

– Брутално ги тепаа луѓето, работат неказнето и апсат кого сакаат. Бевме присилени да стоиме во дворот цела ноќ. Можевме да слушаме како ги тепаат жените. Не разбирам таква суровост, вели еден маж и на Би Би Си ги покажа модриците.

Преку апликацијата за размена на пораки „Некст“ луѓето кои се пуштени од притвор објавија слики од своите модрици, повреди на грбот и отоци кои им ги нанеле полицајците.

Страотни сцени од Минск: Полицијата пука во народот (ВИДЕО)

Од „Амнести Интернешнал“ рекоа дека притворениците биле соблекувани до гола кожа, тепани и дека им се заканувале и со силување.

– Поранешни затвореници рекоа дека притворските центри станале комори за мачење, каде демонстрантите биле принудени да лежат во валканици, додека полицијата ги тепа со палки, рече Мари Стратерс, директорка на Амести за Источна Европа и Централна Азија.

Прочитајте и...  Италијанското обвинителство осомничи 237 лица за шверцање на дрога, од нив 117 Албанци

Меѓу уапсените демонстранти имало и многу жени. Некои од нив сведочеле на социјалните мрежи за тоа како биле малтретирани и какви закани добивале.

Претепан маж ги покажува модриците од тепањето на полицијата на протестите во Минск/ 14 август 2020/ ФОТО: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Објавени се и видео и аудио снимките на кои се слушаат врисоци од притворскиот центар во Минск, меѓу кои е и озлогласениот Окрестина.

Хаос на улиците на Минск: Стотина повредени, над 3.000 уапсени и една жртва (ФОТО+ВИДЕО)

 

Прочитај повеќе

Кој е подготвен за судирот меѓу Азербејџан и Ерменија – Едната страна има драстично повеќе војници

Слободен печат

Макрон: Хезболах да разјасни дали е партија или милиција

Слободен печат

Помпео вечерва во посета на Грција, разговарал со Столтенберг за тензиите во источниот Медитеран

Слободен печат

„Света е наш претседател”: Повеќе од 100.000 демонстранти на улиците во Белорусија

Фамилија шеташе на островот Хвар, а набргу ги потопи бран (ВИДЕО)

Слободен печат

Во напад во Нигерија се убиени 18 луѓе, одговорноста ја презема Исламска држава

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Заев и Борисов телефонски разговараа за соработка меѓу двете земји

Слободен печат

Трамп: Бајден треба да се тестира за дрога пред дебатата

Слободен печат

Шахпаска: Родителите на децата до шест години и со продолжено породилно да се вратат на работа

Слободен печат

Дневен преглед на состојбата со коронавирусот во светот

Швајцарците со мнозинство од 50,1 процент го поддржаа купувањето на нови борбени авиони

Слободен печат

Се бројат мртвите во судирите меѓу Азербејџан и Ерменија: Загинаа 16 Ерменци, повредени се над 100

Слободен печат