Нехумани услови и малтретирање: Белоруските власти ги ослободуваат притворените демонстранти (ФОТО)

Притворените демонстранти го напуштат т.н. казнен камп / 14 август 2020, Минск, Белорусија / Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Владата на Белорусија почна да ги ослободува од притвор граѓаните кои изминатите денови ги приведе на демонстрациите против изборната победа на претседателот Александар Лукашенко.

Толпа луѓе ги чека наблиските да бидат ослободени од т.н. казнен камп за демонстранти на протестите против Лукашенко / 13 август 2020, Минск, Белорусија / Фото: EPA-EFE/STRINGER

Според очевидци и снимки што се споделуваат на социјалните медиуми, голем број од ослободените демонстранти имаат видливи повреди. Приведените граѓани тврдат дека биле држани во нехумани услови и биле малтеретирани од полицијата.

Вака белоруската полиција ги понижува уапсените: Крвави и помодрени, принудени да се одречат од кревање револуција (ВИДЕО)

 

Во повеќедневните протести во Белорусија загинаа најмалку две лица, а над 6.700 луѓе се приведени.

Во меѓувреме белорускиот министер за внатрешни работи Јуриј Карајев им се извини на граѓаните.

– Преземам одговорност и се извинувам за повредувањето на граѓаните, изјави Карајев.

Демонстрант се гушка со најблиските откако е ослободен од т.н. казнен камп за протестирање / 13 август 2020, Минск, Белорусија / Фото: EPA-EFE/STRINGER

Соработничката на претседателската кандидатка Светлана Тихановскаја, Марија Колесникова упати апел до градоначниците да организираат мирни протести.

– Сите градоначалници во Белорусија на 15 и 16 август би требало да организираат протести во сите градови. Да се слушне гласот на народот и нивното мислење, но на мирен начин, истакна Колесникова.

Демонстрант се поздравува со толпата луѓе кои ги чекаат своите најблиски да излезат од т.н. казнен камп за демонстранти на протестите / 13 август 2020, Минск, Белорусија / Фото: EPA-EFE/STRINGER

 

Страотни сцени од Минск: Полицијата пука во народот (ВИДЕО)

Солидарност со повредените: Стотици жени во бело формираа „жив синџир“ на плоштадот во Минск (ФОТО)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот