Вака белоруската полиција ги понижува уапсените: Крвави и помодрени, принудени да се одречат од кревање револуција (ВИДЕО)

Апсење на демонстранти во Минск / Белорусија / 10 август 2020 / Фото: EPA-EFE/YAUHEN YERCHAK

Додека на улиците ширум Белорусија четврти ден по ред траат демонстрациите, од тамошната државна телевизија пристигна снимка која најдобро отсликува колкав степен на демократија има во „царството на Лукашенко“.

Апсење на демонстранти во Минск / Белорусија / 10 август 2020 / Фото: EPA-EFE/YAUHEN YERCHAK

Шестмина крвави и помодрени демонстранти полицијата ги понижува во притвор, „преслушувајќи“ ги дека никогаш повеќе во животот нема „да организираат револуција“. На двете девојки и четворица момчиња, кои најпрво по наредба мораа да се завртат кон ѕидот со лисици на рацето и наведнати глави, полицијата им изнуди негативни одговори.

Семејствата на приведените не се помрднуваат од т.н казнен камп откако нивните блиски беа приведени поради протестирање / 12 август 2020 / Фото: EPA-EFE/TATIANA ZENKOVICH

„Не, не, не“, „Никогаш во животот“, изморено говорат младите луѓе додека полицијата ги постројува.

Во Минск и вечерва се одржуваат протести поради шестиот претседателски мандат на Александар Лукашенко. Голем број граѓани сметаат дека изборите биле нерегуларни, а изборните резултати фалсификувани, што беше причина да излезат на улиците во неделата, на 9. август, кога е соопштено дека Лукашенко освоил 80, 08 отсто од гласовите.

Солидарност со повредените: Стотици жени во бело формираа „жив синџир“ на плоштадот во Минск (ФОТО)

Белоруските власти објавија дека претходните три дена се уапсени повеќе од 6.000 демонстранти. Од ЕУ пристигна остро предупредување на адреса на актуелниот претседател Лукашенко под итно да ги ослободи сите уапсени, во спротивно го чека сценарио кое нема воопшто да му се допадне. Плашејќи се за својата безбедност, и Тихановскаја беше приморана да ја напушти државата, па денеска замина за Литванија.

Тихановскаја: Донесов тешка одлука да ја напуштам земјата и знам дека многу ќе ме мразат за тоа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот