Солидарност со повредените: Стотици жени во бело формираа „жив синџир“ на плоштадот во Минск (ФОТО)

Фото: EPA-EFE/TATIANA ZENKOVICH

Стотици жени во бела облека и со бели рози и други цвеќиња во рацете формираа „жив синџир” на Плоштадот Комаровски во Минск, во знак на солидарност со повредените за време на протестите изминатите денови во Белорусија.

Минск, Белрусија / 12 август 2020 / Фото: EPA-EFE/TATIANA ZENKOVICH
Апсење на демонстранти во Минск / Белорусија / 10 август 2020 / Фото: EPA-EFE/YAUHEN YERCHAK
Минск, Белорусија / 10 август 2020 / Фото: EPA-EFE/STRINGER
Апсење на демонстранти во Минск / Белорусија / 10 август 2020 / Фото: EPA-EFE/YAUHEN YERCHAK

Полицијата побара жените, претежно млади девојки, да се разотидот, што тие и го направија, но набрзо се вратија на плоштадот.

Минск, Белрусија / 12 август 2020 / Фото: EPA-EFE/TATIANA ZENKOVICH

Тие се држат за раце и извикуваат „веруваме, можеме, ќе победиме”.

Семејствата на приведените не се помрднуваат од т.н казнен камп откако нивните блиски беа приведени поради протестирање / 12 август 2020 / Фото: EPA-EFE/TATIANA ZENKOVICH
Минск, Белрусија / 12 август 2020 / Фото: EPA-EFE/TATIANA ZENKOVICH

Протестите во Белорусија почнаа вечерта на 9 август, откако актуелниот претседател Александар Лукашенко прогласи победа на претседателските избори.

Апсење на демонстранти во Минск / Белорусија / 10 август 2020 / Фото: EPA-EFE/YAUHEN YERCHAK

Протестите продолжија во понеделникот и вторникот, при што беа уапсени неколку илјади демонстранти, едно лице е убиено кога се обидело да фрли експлозивна направа кон полициските сили и која експлодирала во неговата рака.

Девојка повредена на протестите во Минск, Белорусија / 10 август 2020 / Фото: EPA-EFE/STRINGER
Минск, Белрусија / 12 август 2020 / Фото: EPA-EFE/TATIANA ZENKOVICH

Главниот противник на Лукашенко, Светлана Тихановска, која, според властите освоила 10,09 проценти од гласовите, поради својата безбедност беше принудена да избега во Литванија.

Тихановскаја: Донесов тешка одлука да ја напуштам земјата и знам дека многу ќе ме мразат за тоа

Апсење на демонстранти во Минск / Белорусија / 10 август 2020 / Фото: EPA-EFE/YAUHEN YERCHAK

Западните лидери ги осудија насилствата во Белорусија. ЕУ оцени дека изборите не биле ниту слободни, ниту фер.

Повредено лице на протестите во Минск, Белорусија / 10 август 2020 / Фото: EPA-EFE/STRINGER

КИДНАПИРАЊА на улица, криење гласови и многу насилство: Надреални снимки од улиците во Белорусија откако Лукашенко прогласи победа (ФОТО/ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот