Страотни сцени од Минск: Полицијата пука во народот (ВИДЕО)
Кај метро страницата „Грушевка“ во Минск вечерва дојде до инцидент, кога полицајци излетаа од автомобил и припукаа.
Препорачано
Од терасите на околните згради луѓе им викаа на демонстрантите каде да се скријат, а како одговор на тоа специјалните сили на белоруската полиција неколку пати припукаа.
Дел од инцидентот е забележан со приватни камери и споделен на социјалните мрежи.
Police are shooting at windows as people keep filming at #Minsk #Belarus #BelarusProtest #Belarus2020 ?❤️? pic.twitter.com/8LhHP4oaLi
— that guy (@str2183) August 12, 2020
Четври ден по ред во Белорусија траат протестите поради победата на Александар Лукашенко на претседателските избори. Протестите се одбележани со насилство и полициска репресија, поради што реагираше и ЕУ.
Комесарот на ОН за човекови права Мишел Башеле ја осуди денеска употребата на сила од страна на власта во Белорусија на мирните протести.
Од 9 август во Белорусија се уапсени повеќе од 6.000 лица кои протестираат, незадоволни што Лукашенко го зеде шестиот претседателски мандат.
Солидарност со повредените: Стотици жени во бело формираа „жив синџир“ на плоштадот во Минск (ФОТО)


