Посексипилен костим за капење не постои! Дали би платиле 150 евра за цела плажа да гледа во вас? (ФОТО)

принтскрин

Провокативните костими за капење се само за храбрите дами.

Една од омилените австралиски дизајнерки на костими за капење Карен Харли не престанува да го изненадува светот со своите провокативни модни парчиња.

Имено провокативниот Slash set костим за капење на креаторката Карен Харли е причина што оваа дама го привлекува целото внимание на светската јавност.

Дводелниот костим за капење се состои од гаќички и топ кои од напред изгледаат како и секој друг модерен костим за капење, но кога ќе се завртите, позадината е фантастична.

Верувале или не, бикинито по кое полудеа трендсетерките ширум светот чини околу 150 евра.

Карен вели дека ова бикини е наменето за дамите во 20-те и 30-те години и за оние кои се самоуверени и знаат што сакаат.

https://www.instagram.com/p/BoqQkxVBFzS/?utm_source=ig_embed

Нема сомнеж дека ваквиот дизајн ги поместува границите, но токму познатите личности се тие кои го вивнаа овој модел во облаците.

Иако е крај на летото, се уште може да го искористите, а веруваме дека и наредната година ќе биде меѓу првите избори на оние кои држат до својот стил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот