Поранешниот телохранител ја издаде: Дрскиот план на Џоли со кој успеала да го заведе Бред Пит

Фото: Профимедиа

Светот беше шокиран кога се дозна дека актерот Бред Пит, кој тогаш беше оженет со Џенифер Анистон, е во врска со колешката Анџелина Џоли, а дури сега се дозна како сè започнало.

Не е тајна дека Бред и Анџелина се вљубија во текот на снимањето на филмот „Господин и Госпоѓа Смит“, иако на почетокот ги негираа озборувањата. Имено тие тврдеа дека се само пријатели, со оглед дека Бред во тоа време беше во брак со Џенифер Анистон, но веќе во првото големо интервју за нивниот однос, Анџелина изјави дека нивните деца ќе можат да го гледаат филмот кој е сниман додека нивните родители се вљубувале.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝚅 (@vhsfilmm)


А како сè почнало се дозна дури сега, кога за американските медиуми прозборе Марк Бехар, поранешниот телохранител на актерката. Тој изјави дека хемијата меѓу актерите на сетот за филмот „Господин и госпоѓа Смит“ била неверојатна и откри некои шокантни детали. Според неговото тврдење тој неколку пати ги затекнувал во приколките како се галат и флертуваат, а од самиот почеток било повеќе од јасно што се случува меѓу нив двајца.

Фото: Профимедиа

Според него, Анџелина имала добро разработен план како да го заведе Бред. Имено во текот на една љубовна сцена таа носела долна облека во бледо-розова боја, која неочекувано ја соблекла.

– На крај ја соблече сценската облека и гола скокна во креветот со него. По тоа ќе го паметам овој филм – изјави Марк за еден американски весник.


Бред опуштено уживал во сè, а според пишувањето на медиумите, тој ја прифатил улогата во филмот откако дознал дека партнерка ќе му биде Џоли. По снимањето тој веднаш се разведе од Анистон и се ожени со Анџелина со која добија пет деца, три пати биолошки и два пати со посвојување, а воедно Бред го посвои Медокс, првиот син на Анџелина. Тие беа во брак до 2016 година, кога го најавија својот развод кој сè уште не е завршен и секојдневно излегуваат се дознаваат нови шокантни детали од нивниот живот. Досега Анџелна го обвини Бред за алкохолизам, семејно насилство и неверство. А воедно трае борбата и за старателство над децата, кое таа сака да го добие целосно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BLUE (@angelinajolieft.blue)


Во меѓувреме Џоли најави дека привремено се откажува од режисерската професија и ќе работи само како актерка, поради семејната ситуација. Своето режисерско деби го имаше во 2011 година со филмот „Во земјата на крв и мед“, а потоа во 2014 година излезе „Нескршен“, па следуваа „Покрај морето“ и „Прво го убија татко ми“ од 2017 година.

Џоли која десет години се занимава напоредно со актерство и режија, сега открила дека ова за неа станува невозможно, поради бракоразводната парница и битката за старателство над шесте деца.

Profimedia
Фото:Профимедиа

– Обожавам да режирам, но, морав сè да оставам, поради семејната ситуација, поради што следните неколку години нема да сум во можност да работам. Ми треба работа поради која помалку ќе бидам отсутна, и повеќе време ќе поминувам со децата, поради што решив да му се вратам само на актерството. Тоа е целата вистина – одговори Анџелина на шпекулациите во врска со нејзината одлука за повлекување од режисерската професија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот