Поранешниот сопруг на Џенифер Анистон откри што мисли за новиот партнер на актерката
Џенифер Анистон официјално ја потврди својата врска со хипнотерапевтот Џим Кертис, а поддршка ѝ даде и нејзиниот поранешен сопруг, актерот Џастин Теру. Тој суптилно реагираше на објавата на Инстаграм, на која ѕвездата од серијата „Пријатели“ (Friends) му го честиташе роденденот на својот нов партнер, уште еднаш покажувајќи дека поранешните сопружници останале во одлични односи.
Препорачано
На 2 ноември, Анистон сподели црно-бела фотографија на која од зад грб го гушка Кертис, со емотивна порака: „Среќен роденден, љубов моја“. Гласините за нивната романса првпат се појавија уште во мај.
Теру, кој беше во брак со Анистон од 2015 до 2018 година, ѝ притисна „ми се допаѓа“ на објавата, потврдувајќи дека меѓу нив нема никаква расправија.

Сепак, 56-годишната актерка не е единствената што продолжила понатаму. Теру (54) во март оваа година се ожени со актерката Никол Брајдон Блум, по речиси две години врска.
Актерот претходно изјави дека веднаш знаел дека Брајдо е „таа вистинската“.
„Пријателка што беше со мене буквално рече: ‘Тоа е таа’. Сè уште не се ни запознавме, а јас си помислив: ‘Толку е прекрасна.’ Ѝ пријдов, почнавме да разговараме и така започна сè“, раскажа тој во септември во емисијата на Дру Беримор.
За својот нов брак, во мај за еден американски медиум изјави: „Само што се венчавме, едноставно уживаме.“
И покрај разводот, Теру и Анистон со години ја одржуваат блиската поврзаност.
„Искрен сум кога велам дека навистина го ценам нашето пријателство. Можеме да не бидеме пар, а сепак да си носиме радост и пријателство еден на друг“, објасни актерот во интервју во 2021 година.
Со текот на годините, поранешниот пар често јавно се пофалувал меѓусебно.
„Таа е вистинска жена-фраер. Помина низ многу работи. Многумина би се скршиле под притисокот што ѝ беше наметнат. Многу сум горд на неа поради начинот на кој се справува со сè. Таа е неверојатна“, рече Теру во 2016 година.
Ниту Анистон не штедеше зборови на пофалба.
„Тој е едноставно толку убав и згоден, а неговите очи ме оставаат без здив секој ден. Секоја година е сè подобар“, изјави таа во 2014 година.
Додаде дека тој е нејзина креативна сродна душа и дека постојано ја насмејува.


