Фото: Џенифер Анистон/Џим Кертис/Принтскрин/ Инстаграм

ФОТО | Џенифер Анистон ја потврди врската со романтична објава на Инстаграм: Му честиташе роденден на момчето Џим Кертис

Џенифер Анистон (56) е повторно заљубена, и тоа е сега официјално. Актерката и продуцентка сподели фотографија на својот инстаграм-профил која веднаш предизвика лавина од реакции кај нејзините обожаватели. На црно-белата фотографија, Џенифер нежно го прегрнува својот партнер Џим Кертис, а напиша и кратка порака заедно со објавата.

„Среќен роденден, љубов моја“, пишува во описот под објавата, со која Џенифер, без многу зборови, го потврди она за што се шпекулираше со недели, додека фановите ја обсипаа со бројни коментари. Иако ова е првата нивна заедничка фотографија што ја објави, актерката претходно сподели негова фотографија во септември, но беше скриена меѓу другите слики во нејзината галерија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)

Куртис и Анистон првпат се поврзаа во јули оваа година, откако беа фотографирани заедно на јахта. Оттогаш, тој ја поддржа на септемвриската премиера на четвртата сезона на серијата „Утринско шоу“ (The Morning Show), а во август беа видени на двоен состанок со нејзиниот пријател Џејсон Бејтман и неговата сопруга Аманда Анка. Извор близок до двојката претходно изјави за „Пипл“: „Тие излегуваат и се забавуваат од време на време“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот