Поранешниот боливиски претседател Ево Моралес е позитивен на коронавирус

Фото: EPA-EFE/Juan Ignacio Roncoroni

Бившиот претседател на Боливија, Ево Моралес е позитивен на коронавирус, соопштија од неговата канцеларија.

Во соопштението се кажува дека тој е стабилен и прима терапија за да се избори со симптомите, но не се наведува за кои симптоми станува збор, пренесува Би-Би-Си.

Моралес (61) во ноември се врати во Боливија, откако еден од неговите сојузници Луис Арке беше избран за претседател.

Моралес, кој е лидер на владејачката партија Движење кон социјализмот, по враќањето учествуваше на бројни собири со поддржувачи и членови на партии, во пресрет на локалните избори кои ќе се одржуваат во март.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот