Поранешната сопруга тврди дека славниот милионер ја тепал: Ми држеше пиштол во главата, ме удираше со тупаници

Фото: Профимедиа

Само неколку дена откако е хоспитализиран поради аневризма на мозокот, музичарот Др. Дре е обвинет од неговата сега веќе поранешна сопруга Никол Јанг за насилство во бракот.

Во судските документи, како што пишува Дејли Мејл, Јанг наведе дека Дре во два наврати и држел пиштол вперен во главата, ја удирал со тупаници во лицето и ја удирал во ѕид.

Инаку, парот се разведува по 24 години брак, а во моментот се води судската битка за подделбата на имотот. Дре е тежок 800 милиони долари, а Никол од него бара алиментација во износ од два милиони долари месечно.

Откако Дре изјави дека никогаш не ја злоставувал, се огласи и Никол која тврди дека тој лаже.

Фото: Профимедиа

„Ги изнесов сите болни детали од злоставувањето кое Андре ми ги пружи во нашите повеќе од 25 години заедно. Тој стави пиштол на мојата глава во 2000 и во 2002 година. Во два наврати со тупаници ме удираше по лицето, а во 2006 година ја скрши вратата од спалната соба во која се криев од него. Вербално и емотивно ме уништуваше до таа мерка што започнав да страдам од пострауматски стрес поради кој сум на терапија“, изјави Јанг.

Фото: Профимедиа

Таа посочи и дека во нивниот дом ургирала и полицијата.

„Ги повикав во 1995 година малку пред почетокот на нашиот брак, кога ме удри од ѕидот и со двете раце држејки ме за врат ме дигна во воздух. Ги повикав уште неколку пати, но се завршуваше само со предупредувања, потоа веќе се плашев да ги повикам бидејќи неговите заканувања беа опасни, а сфатив дека полицијата не може ништо да ми помогне“, тврди Јанг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот