Поради неа луѓето се самоубивале: Ова е најтажната песна во Југославија која Тито лично ја забранил

тито и јованка
Фото: Профимедиа

Песната која Тито ја забранил поради големиот број самоубиства, го носи насловот „Pluća su mi bolna“ и се смета за една од најтажните песни кои некогаш се напишани во поранешна Југославија.

Нејзиниот автор е Драгиша Недовиќ, кој ја напишал и познатата стара песна „U lijepom starom Višegradu“, популарната „Stani, stani Ibar vodo“ и многу други.

Животот не му бил наклонет и бил на чекор до смртта во 1941 година кога бил изведен пред стрелачки вод во Шумарице, Крагуевац. Во последен момент, како познат текстописец, го тргнале на страна и ја избегнал судбината на многу крагуевчани. Крајот на Втората светска војна го дочекал во германскиот работнички логор во Дормаген.

По враќањето во Крагуевац неколку години по завршување на војната, поточно во 1950 година, Драгиша дознал дека боледува од туберкулоза па тогаш тој ја напишал песната „Pluća su mi bolna“.

Песната прв ја извел Заим Имамовиќ, но таа многу сугестивно делувала врз слушателите бидејќи во тоа време ширум Југославија бил забележан голем број на самоубиства на лица заболени од туберкулоза.

Се зборува дека тогаш Тито заедно со Централниот комитет одлучиле плочата да се повлече од продажба и да се забрани нејзината изведба, со објаснување дека наведува на самоубиство. Дури 10 години подоцна во една прилика, Јованка Броз (за која некое време се зборувало дека боледува од оваа болест) ја нарачала песната на една прослава, а оттогаш забраната била прекината.

За жал, иако Недовиќ се излекувал од туберкулозата, тој починал во 1966 година од срцев удар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот