Поради Ковид – 19 во холандски кланици Кина го укинува увозот на свинско месо

Во кланиците во Холандија, но и низ цела Европа, работат претежно мигранти кои стојат блиску едни до други и честопати делат тесни станбени објекти, што доведе до ширење на коронавирусот во последните месеци.

Откако воведе забрана за месо од четирите најголеми кланици во неделата, Кина одлучи да го прекине увозот на свинско месо од Холандија. Официјално прочините за ваквиот чекор не се познати но се претпоставува дека одлуката е поради појавата на Ковид-19 во некои од најголемите холандски кланици, изјави денеска портпаролката на холандската Влада Елис ван Ден Бош.

– Јасно е дека Кина го бара изворот на вториот бран на заразата со Ковид-19, кој може да биде преку увезено месо. Сепак, нема специфични докази за можен пренос преку храна или материјали за пакување, рече Ван ден Бош.

Како што наведе, холандската Влада ќе одговори на барањето на Кина да спроведе понатамошна инспекција на кланиците.

Во кланиците во Холандија, но и низ цела Европа, работат претежно мигранти кои стојат блиску едни до други и честопати делат тесни станбени објекти, што доведе до ширење на коронавирусот во последните месеци.

Холандија извезува големи количини свинско месо во Кина, а само минатата година извезе 299.000 тони месо во вредност од 335 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот