ПОНУДА КОЈА НЕ СЕ ОДБИВА: Ѝ дава на ќерката 15 долари за секој час поминат во теретана – Слободен печат
ЖенаМагазин

ПОНУДА КОЈА НЕ СЕ ОДБИВА: Ѝ дава на ќерката 15 долари за секој час поминат во теретана

Иако неговата сопруга мисли дека тоа е ужасна идеја, тој смета дека така ќе ја поттикне својата ќерка за живее поздраво.

Еден татко бил многу загрижен за килограмите на својата ќерка, па јавно открил дека и понудил 15 долари за секој час поминат во теретана. За жал, неговата сопруга мисли дека овој план е ужасен.

Креативниот татко ги запраша корисниците на „Reddit“ дали е лошо што сака да и плаќа на својата 20-годишна ќерка за секој час поминат во теретана.

Не станува збор тоа што естетски не изгледа убаво, туку многу сум загрижен за нејзиното здравје, се пожали 53-годишниот татко.

Неговата ќерка неодамна се отселила во друг град во кој студира, а бидејќи има и работа покрај тоа, тој забележал дека целосно го запуштила својот изглед.

Се обидов да зборувам со неа за нејзината тежина. Го прифати тоа, но забележав дека беше малку повредена. За жал, нема доволно мотивација да оди во теретана покрај се друго што има во животот. И предложив дека за секој час поминат во теретана ќе и платам 15 долари. Верувам дека тоа ќе ја охрабри.

Иако неговата сопруга мисли дека тоа е ужасна идеја, тој смета дека така ќе ја поттикне својата ќерка за живее поздраво.

Меѓутоа, некои се сложија дека вежбањето ќе помогне, но го предупредија дека 80 проценти од диетата е всушност исхраната.

Се согласувам дека поздравата исхрана ќе и помогне да загуби повеќе килограми, но ако добива 10 долари по час на работа, а 15 за во теретана, сигурен сум дека ќе вежба повеќе отколку било кога и ќе има повеќе пари да купува подобра храна, истакна тој.

Што мислите Вие за ваквиот начин на мотивација?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close