Полусестрата на Меган Маркл ја тужи за интервјуто со Опра: Го излажа светот со своите измислици

меган маркл
Меган Маркл и нејзината полусестра Саманта / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Полусестрата на Меган, Саманта Маркл ја тужи војвотката за наводни лажни изјави во интервјуто што таа и принцот Хари го дадоа на Опра Винфри минатата година, пренесуваат странските медиуми.

„Сакав да се самоубијам“: Меган Маркл и принцот Хари ја шокираа светската јавност во интервјуто со Опра Винфри

Саманта Маркл поднела тужба во четвртокот во Флорида, обвинувајќи ја војвотката од Сасекс за клевета „заснована на очигледно лажни и злонамерни изјави“ кои Меган ги дала во интервјуто што го гледале милиони ширум светот.

57-годишната Саманта, која има заеднички татко со Меган, Томас Маркл, тврди дека наводните лаги на Меган се „дизајнирани да ја уништат нејзината репутација“ и дека ја подложиле на „понижување, срам и омраза на глобално ниво“.

меган маркл принц хари
Принцот Хари и Меган Маркл за време на интервјуто со Опра Винфри / Фото: Profimedia

Саманта тврди дека Меган лажела дека е „единствено дете“ и за последниот пат кога наводно ја видела Саманта. Таа исто така тврди дека Меган лажела дека Саманта го променила презимето во Маркл откако Меган започнала врска со принцот Хари.

меган маркл
Саманта и Меган / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Имено, Саманта исто така, ја обвинува Меган дека му наштетила на угледот на нивниот татко за да го зачува и промовира лажниот наратив „од просјак до принцеза“. Саманта тврди дека Меган лажно оставила впечаток дека се спасила од сиромаштијата и дека работела за да го плати своето факултетско образование на Универзитетот Нортвестерн.

„Обвинетата не беше принудена на 13-годишна возраст да работи на ниско платени работни места за да врзе крај со крај. Обвинетата посетуваше елитни и скапи приватни училишта и часови по танц и глума во Лос Анџелес, кои ги плаќаше нејзиниот татко. Томас Маркл, исто така, ѝ го плати факултетското образование во Нортвестерн, како и школарината, киријата и трошоците за живот, тој дури и земаше заеми за да ги покрие трошоците“, тврди Саманта.

меган маркл
Саманта и Меган / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Саманта заклучува дека вистинската животна приказна на Меган е сосема поразлична од лажната приказна и „измислен наратив од бајка“ и бара компензација од 75.000 долари.

Адвокатот на Меган, Мајкл Камп во интервју за „Fox News Digital“ ја нарече тужбата „неоснована“.

„Оваа неоснована и апсурдна тужба е само продолжение на моделот на вознемирувачко однесување. Ќе посветиме минимално потребно внимание, што е сè што заслужува“, рече Камп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот