„Сакав да се самоубијам“: Меган Маркл и принцот Хари ја шокираа светската јавност во интервјуто со Опра Винфри

меган маркл принц хари
Profimedia

Американскиот „CBS“ го емитуваше долгоочекуваното интервју на Опра Винфри со Меган Маркл и принцот Хари во кое парот, меѓу другото зборуваше за причините за напуштањето на британското кралско семејство, расизмот со кој се соочила Меган во рамките на кралското семејство и го открија полот на нивното второ дете.

Во двочасовното интервју со Винфри, Меган направи драматични обелоденувања, вклучувајќи ја и шокантната исповед дека во еден момент од бременоста размислувала за самоубиство.

Маркл го започна разговорот опишувајќи ги своите впечатоци од кралската венчавка.

epa-efe
EPA-EFE/NEIL HALL / POOL

Свадбата беше вонтелесно искуство“, вели Меган, откривајќи дека тоа утро пред да започне венчавката ја слушала песната „Going to the Chapel“.

Хари и јас бевме свесни дека ова не е наш ден, дека ова е ден планиран за светот“, вели Меган.

Наивно влегов во тоа затоа што не пораснав со многу информации за кралското семејство… Тоа не беше дел од разговорот дома, не беше нешто што го следевме… Не истражував. Никогаш не го „гуглав“ мојот сопруг. Не разбирав целосно за што станува збор, што значи да си дел од кралското семејство… Тие ти судат според перцепцијата на сето тоа и вие живеете во таа реалност“, вели таа.

Profimedia
Profimedia

Поранешната војвотка откри дека таа и Хари всушност се венчале три дена пред кралската венчавка. Во интервјуто беа прикажани и снимки од двајцата кои разменуваат завети во нивниот дом. На приватната церемонија не биле присутни ниту членовите на нивните семејства, биле само тие и свештеникот. Таа исто така откри дека на венчалниот лист што виси на ѕидот од нивниот дом го пишува датумот на нивната приватна церемонија, а не датумот на кралската венчавка.

Меган исто така вели дека не се плашела од првата средба со кралицата, но дека навистина се изненадила кога во автомобилот Хари ја прашал дали знае како да се однесува пред неговата баба.

Мислев дека тоа е нешто што се случува само пред очите на јавноста, дека тоа е само помпезност“, објасни Меган.

Profimedia
Profimedia

Хари тогаш ја потсетил дека неговата баба сепак е кралица. Меган исто така се присети дека потоа во автомобилот вежбале како да се поздрави со кралицата и дека пред палатата ги пречекала Ферги, поранешната сопруга на принцот Ендру.

Дали сте подготвени? Дали знаеш како да се однесуваш?“, ја прашала таа, вели Маркл.

Мислам дека имав длабок поклон, не се сеќавам. Беше симпатично и лесно и за среќа не знаев многу за кралското семејство, бидејќи дополнително ќе си ја наполнев главата со грижи“, додаде таа.

Поранешната војвотка проговори за нејзиниот однос со Кејт и солзите на венчавката

Меган се осврна и на гласините за наводната расправија со Кејт Мидлтон и наводните приказни дека ја расплакала сопругата на Вилијам на денот на кралската венчавка. Меган вели дека тоа не е точно, дека всушност плачела таа, а не Кејт.

Неколку дена пред венчавката, Кејт беше вознемирена за нешто што се однесуваше на фустаните за девојчињата кои носеа цвеќе. Тоа ме расплака, навистина ме повреди“, рече Меган, додавајќи дека ѝ простила на Кејт.

Profimedia
Profimedia

Мислам дека не би било фер да навлегувам во детали за тоа, затоа што таа ми се извини“, посочи таа, велејќи дека Кејт е добра личност.

Најтешкиот дел беше тоа што бев јавно обвинета за нешто што не го направив, тоа всушност мене ми се случи. Сите во Институцијата го знаеја тоа“, рече таа. „Тогаш, зошто никој не рече ништо?“, ја праша Опра. „Добро прашање“, додаде Меган.

Profimedia
Profimedia

Животот во кралското семејство е самотен

Меган рече дека животот во кралското семејство бил самотен и дека се чувствувала изолирано.

Понекогаш не можев да одам на ручек со пријателите, бидејќи медиумите ме следеа од сите страни“, рече таа, додавајќи дека ја советувале да се „крие“.

Не излегувала од куќата со месеци

Насекаде сум, но никаде. Сите зборуваа за тоа дека моите постапки ќе бидат видени во јавноста, но никој не праша како се чувствувам јас. Бев многу осамена“, рече таа.

Маркл исто така истакна дека е важно да се прави разлика помеѓу членовите на семејството и администрацијата што го води кралското семејство. Таа рече дека кралицата отсекогаш била „прекрасна“ со неа и дека дури делела ќебе со неа во автомобилот за време на нивната прва заедничка турнеја.

Instagram
Instagram

Арчи не е заштитен член на кралското семејство

Меган откри и дека била шокирана кога дознала дека нејзиниот син Арчи нема да ја добие титулата принц и со тоа нема да има осигурана заштита како другите членови на кралското семејство.

Ова се случуваше последните неколку месеци од мојата бременост, бев шокирана… Па, тој мора да биде безбеден. Ние ја создадовме оваа монструозна машина (мислејќи на таблоидите), вие дозволивте да се случи тоа, што значи дека ние мораме да бидеме заштитени“, рече таа.

Бојата на кожата била тема на разговор

Опра ја праша зошто не сакале да му ја дадат титулата принц на Арчи, а Меган одговори дека расата била тема на разговор неколку пати. Кралското семејство, тврди таа, било загрижено за бојата на кожата на Арчи. Семејството разговарало со Хари за овие работи, посочува Меган. Таа не откри кој бил вклучен во тие разговори.

Тоа би им нанело многу штета“, вели таа.

epa-efe
EPA-EFE/TOBY MELVILLE / POOL

Опра Винфри подоцна го праша принцот Хари за разговорите што ги водел со кралското семејство за Арчи додека Меган била бремена, односно за загриженоста за бојата на кожата на момчето.

Никогаш нема да го откријам тој разговор. Беше непријатно и бев шокиран“, откри Хари.

Кога Винфри праша дали може да ги открие прашањата кои му ги поставиле, тој повторно одби да одговори на тоа прашање велејќи „Не ми е пријатно да зборувам за тоа“.

„Ако имавте поголема поддршка, дали сè уште ќе бевте таму?“, праша Опра. „Без сомнение“, рекоа тие.

Кралското семејство не помогнало кога почнала „ликвидацијата“

Меган смета дека приказната за тоа дека Кејт наводно плачела на венчавката било само почетокот на „ликвидацијата на нејзиниот лик“ и дека кралското семејство не направилно ништо за да ѝ помогне.

Би ја негирале дури и најсмешната приказна за некого“, вели таа. „Но, наративот дека сум ја расплакала Кејт беше почеток на вистинска ликвидација… Тие знаеја дека тоа не е вистина“, рече Меган.

Profimedia
Profimedia

Имала самоубиствени мисли

Меган откри дека животот во кралското семејство ја навел на самоубиствени мисли.

Едноставно не гледав решение. Навечер седев будна и размислував дека не разбирам како се случи сето ова“, рече таа.

Мајка ми и пријателите ми се јавуваа со плачење и ми велеа: – Мег, тие не те штитат“, вели таа кога Опра ја праша која била точката на пукање.

Самоубиствените мисли почнале да ѝ се појавуваат во петтиот месец од бременоста

Навистина ми беше срам да го кажам тоа тогаш, се срамев да му признаам на Хари затоа што знам колкава загуба претпе, но знаев дека ќе го направам тоа ако не му кажам – едноставно не сакав да живеам повеќе. Тоа беше многу јасна, реална и застрашувачка константна мисла. Се сеќавам дека ме прегрна и… Тогаш реков дека морам некаде да побарам помош… Ми рекоа дека не смеам да го направам тоа“, рече таа.

Отишла и во одделот за човечки ресурси да побара помош, и тие ѝ рекле дека не можат да ѝ помогнат затоа што не е платен член на Институцијата, туку само член на кралското семејство.

Начинот на кој го опишуваш ова, дека си била заробена и не си можела да добиеш помош, иако си била на раб на самоубиство. Тоа е она што го опишуваш...“, рече Опра. „Да, тоа е вистината“, рече Меган.

youtube
Принтскрин / Youtube

Хари го откри полот на бебето

Меган во мометов е бремена со нивното второ дете, а Хари во интервјуто откри дека очекуваат девојче. Бебето треба да се роди ова лето.

Да имате момче и девојче, мислам – што повеќе можете да побарате? Сега имаме свое семејство. Ние четворицата и нашите две кучиња“, рече Хари, а парот се согласи дека сметаат дека две деца им се доволни.

Не сакав да се повтори историјата

Принцот Хари рече дека морал да „се стави“ во чевлите на Меган за да ги разбере работите со кои таа се соочувала поради бојата на својата кожа.

Поминав многу години правејќи го тоа и учејќи самостојно. Но, моето воспитвање и системот во кој бев воспитан и на што бев изложен… Не бев свесен за тоа. Но, Боже, не е потребно многу време за одеднаш да станеш свесен“, рече Хари

Винфри го праша која била пресвртната точка за него.

Бев очаен. Отидов на сите места на кои можев да се сетам и барав помош. Најмногу се грижев кога видов дека се повторува историјата. Но, ова е далеку поопасно, сега беше во прашање раса и социјални мрежи…“, вели тој.

youtube
Принтскрин / Youtube

Чарлс не одговарал на повиците на Хари

Пред да објават дека се повлекуваат од кралското семејство, Хари откри дека три пати разговарал со кралицата и двапати со неговиот татко Чарлс, кој е следниот во редот за британскиот трон.

После тоа престана да ми се јавува“, рече Хари, откривајќи дека Чарлс го замолил писмено да го извести за сите детали.

Кога Опра Винфри праша зошто принцот Чарлс престанал да одговара на неговите повици, Хари направи долга пауза.

Затоа што тогаш ги зедов работите во свои раце“, одговори тој. „Морав да го направам тоа за моето семејство. Тоа не беше изненадување за никого, навистина е тажно што дојде до ова, но јас морав да направам нешто, како за моето ментално здравје, така и за здравјето на мојата сопруга. И за Арчи, затоа што можев да видам на каде води ова“, посочи принцот Хари.

Бев заробен, но не го знае тоа

На прашањето дали би се повлекол од кралските должности да не била Меган во приказната, Хари одговори дека не би се повлекол.

И јас бев заробен, но не гледав излез. Бев заробен, но не го знаев тоа“, одговори тој.

Тогаш Опра го праша како може еден принц, роден во таква привилегирана средина, да се чувствува заробен.

Заробен во системот, како и остатокот од моето семејство. И татко ми и брат ми се заробени. Тие не можат да заминат и сочувствувам со нив“, рече.

Меган ѝ призна на Опра дека само сакала кралското семејство да биде гордо на неа.

Ја напуштив кариерата, животот, оставив сè затоа што го сакам“, рече таа. „Нашиот план беше тоа да биде засекогаш – напишав писмо до неговото семејство, велејќи дека сум посветена на тоа, дека сум тука за нив… Но тие не ми дадоа упатства“, се пожали Меган.

Имаше некои работи што не смеев да ги правам, но (за разлика од филмовите) немаше предавања за тоа како да зборувам, како да ги прекрстувам нозете, како да се однесувам кралски“, вели таа, посочувајќи дека морала да ја пребарува британската химна и да ја вежба навечер, за да бидат горди на неа.

Profimedia
Profimedia

Принцот Хари рече дека кралското семејство пропуштило повеќе шанси да ја поддржи Меган и да реагира на притисокот од британските медиуми.

За нас, за нашата заедница и за таа специфичност околу нејзината раса, постоеше можност – имаше многу можности – моето семејство јавно да покаже поддршка. И претпоставувам дека е еден од најочигледните и најтажните докази дека над 70 членови на парламентот, јавно ги осудија медиумите за расистички елементи во нивните написи и наслови поврзани за Меган.
Сепак, никој во моето семејство никогаш не рече ништо… Тоа боли“, раскажа Хари.

Хари откри дека смета дека неговата мајка, покојната принцеза Дајана, би била многу тажна поради нивната одлука да го напуштат кралското семејество.

Мислам дека би била многу лута и тажна за целата ситуација. Но, на крај, сè што би ни посакала е да бидеме среќни… Го чувствував нејзиното присуство во текот на целиот овој процес. Навистина ми олесни и сум среќен што седам овде и разговарам со тебе, покрај мојата сопруга. Бидејќи не можам да замислам како ѝ било нејзе, пред многу години кога поминувала низ тој процес сама“, додаде Хари.

epa-efe
Фото EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Палатата престанала да ги финансира веднаш по нивната одлука

Во првиот квартал од 2020 година, кралското семејство престанало да го финансира Хари. На почетокот на нивниот самостоен живот, се потпирале на она што Хари го наследил од принцезата Дајана.

Без тоа, никогаш немаше да го направиме овој чекор. Како да знаела дека ќе се случи ова…“, вели тој.

Меган откри дека жали за една работа

Кога Опра ги праша дали жалат за нешто, Хари и Меган имаа различни одговори. Тој рече дека не жали за ништо, додека таа призна дека жали за една работа.

Жал ми е што поверував дека ќе ме заштитат“, рече Меган.

Навистина сум горд на нас. Јас сум толку горд на мојата сопруга. Го роди Арчи во време кое беше толку сурово и толку злобно. Секој ден доаѓав дома и ја гледав Меган како плаче додека го доеше Арчи. Ние моравме да го направиме ова“, рече Хари.

Хари прозборе за неговата врска со Вилијам

И покрај бројните шпекулации за наводната расправија помеѓу браќата, Хари рече дека неизмерно го сака својот брат Вилијам.

Нашиот однос во мометов е таква затоа што сме далеку. Но, да се надеваме дека времето ќе ги излече сите рани“, рече Хари, додавајќи дека повторно разговарал со неговиот татко, но признал дека Чарлс го разочарал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот