Полска е прв финалист на одбојкарското СП

Фото: EPA-EFE/Lukasz Gagulski

Одбојкарската репрезентација на Полска обезбеди пласман на Светското првенство откако во полуфиналето во драматичен дуел исполнет со пресврти славеа над Бразил со 3:2 во сетови и тоа со 23:25, 25:18, 25:20, 21:25, 15:12.

Капитенот Бартош Курек со 24 освоени поени ги предводеше Полјаците до победата, два помалку освои Камил Семенјук. Во редовите на Бразил најефикасен беше Рикардо Лукарели со 18 поени.

Бразилците постојано водеа во првиот сет, имаа три сет топки, и ја искористија последната за да поведат со 0:1. Потоа работите се променија, Полјаците беа фантастични во вториот сет кој го добија со 25:18 за измранување на 1:1.

Првиот дел од третиот сет им припадна на „кариоките“, но на средината од сетот Полјаците направија серија од 5:1, поведоа со 18:14 и потоа рутински ја одржуваа предноста за водство од 2:1 во сетови.

Бразилците не се предадоа и четвртиот сет го добија благодарение на серијата од 0:5 во финишот со што се изборија за петти одлучувачки сет.

Во, него, по голема драма во петтиот сет и многу пресврти, Полска славеше и се пласираше во големото финале.

Во финалето Полска ќе игра со подобриот од второто полуфинале во кое се среќаваат Словенија и Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот