Положбата во која спиете или се будите ја открива вашата амбиција: Кој се шири во креветот, има…
Омилената положба во текот на спиењето, но и будењето може да ви покаже колку сте самоуверени и колку сте храбри.
Препорачано
Така, оние кои обично се шират по целиот кревет важат за амбициозни и моќни луѓе, а оние кои наутро спијат стуткани или ги отвораат очите во таква положба, покажуваат дека се ранливи и дека ги мачат некакви маки.
Социјалниот психолог д-р Ејми Кејди од Универзитетот Харвард, која со години ја истражува моќта на говорот на телото, во најновата студија тврди дека можеме да ја зајакнеме нашата самодоверба ако внимаваме на положбата во која спиеме.
– Околу 40 отсто од луѓето спијат во поза на фетус, а станува збор за многу емотивни и чувствителни луѓе, меѓу кои има повеќе жени отколку мажи. Спиењето во положба на феутс може негативно да влијае на успехот на сите полиња, бидејќи потсвесно делува онака како што се гледате себеси. Едноставно е – вашето тело влијае на вашиот ум, вашиот ум влијае на вашето однесување, а вашето однесување влијае на исходот – објаснува д-р Кади.
Според нејзината студија, дури и проблемите со работата кои ги имале испитаниците немале никаква врска со начинот на кој го правеле тоа, туку дошле од нивната несигурност дали се доволно добри и било забележано дека најчесто спијат во положба на фетус.
– Ако спиете стуткани како фетус, во покорна положба, потсвесно си испраќате себеси порака дека немате или не сакате да имате лична моќ. Истото е и со држењето на телото кога ги извршувате секојдневните работи. Можете да вежбате да размислувате позитивно и да имате самоуверено држење на крената глава, а обидете се секоја вечер да се раскомотите во креветот. Најдобрата положба е со испружени раце и нозе и зафаќање што е можно повеќе простор во креветот – предлага д-р Кади.


