Полемика во Бугарија: Дали „Струма“ е автопат или не

Запалениот македонски автобус во Бугарија
Запалениот македонски автобус во Бугарија/ Фото EPA-EFE/VASSIL DONEV

Во соседна Бугарија по страотната сообраќајна несреќа во која во пожар во автобус загинаа 45 македонски граѓани трае полемиката околу патната делница „Струма“ дали навистина ги задоволува критериумите да се нарече автопат или станува збор за широк регионален пат каде од непознати причини му е зголемена претходно ограничената брзина од 90км/ч на 120 км/час, која беше валидна во моментот на несреќата.

„Верувајте, до пред некој ден не знаев дека „Струма“ не е автопат“, изјави денеска бугарската в.д. министерка за регионален развој  Виолета Комитова, говорејќи за делницата „Струма“ додавајќи дека „со голо око сите гледаме широк, убав пат. Но со голо око не можеме да ги почувствуваме недостатоците на патот“.

Регионалната министерка Виолета Комитова ова го изјави по увидот на делницата Драгичево – Долна Дикања каде што се случи автобуската несреќа при што загинаа 45 македонски државјани кој траеше цела недела.

„Патот нема Акт 16, бидејќи не се завршени постапките за експропријација. Според проектот, патот Е79 – има максимална брзина од 90 км/ч. Ова не е експресен пат, не е автопат“, додаде министерот како одговор на прашање зошто брзината во оваа делница е зголемена на 120 км/ч.

Таа истакна дека контролите на патиштата треба да бидат систематски процес кој ги зема предвид опасните области и дефектите кои треба да се санираат.

Министерката вчера на прес конференција исто така зборуваше дека делницата е проблематична од повеќе аспекти и дека не биле обновени обележувањето и сигнализацијата на патот.

„Означувањето периодично се обновува. Централната линија е обновена пред катастрофата, но има 6-месечно доцнење со обновувањето на банкината. Заштитната ограда е поставена во 2007 година и во согласност со тогашните норми. Но, во 2013 година овој пат нема димензии на автопатот. Според проектот има ограничување од 90 км/ч, но сепак брзината е зголемена на 120 км/ч. Не можам да кажам дека брзината е причина за трагедијата, но според нас, патот не е одговара за оваа брзина“, нагласи Комитова.

Таа вчера пред бугарските новинари потенцираше дека брзината, не е причина за катастрофата на автобусот и големиот број жртви, туку пожарот.

– Немаме објаснување зошто толку брзо изгоре овој автобус. Многу чуден настан, рече Комитова.

„Најверојатно за патната делница некаде до јуни ќе има Акт 16, бидејќи се променија многу закони. Единствено што не е направено таму е што не се завршени постапките за експропријација. Законите се сменети, а нема катастар“, коментира извршниот директор на „Патинвест-инженеринг“ инж. Валентин Зарев пред „Денот On Air“

Тој нагласи дека проектот за патот е направен во 1999 година, а во 2012 година е дополнет со патни клучки.

„Овде имаме разлики со министерката Комитова, бидејќи таа тврди дека ова е обичен пат. Сите елементи на патот се автопат и одговораат за автопатот“, објасни инж. Зарев во телевизиското интервју.

Тој појасни дека единствен проблем за да не се заведе како автопат е непостоењето на Актот 16, кој не е направен, бидејќи нема завршена процедура, објаснува инж. Зарев и додава дека овој пат се експлоатира 15 години.

„Неправилно е брзината да биде до 90 км/ч. Ова е автопат и не е нормално да е до 90 км/ч, кога се исполнети сите услови и барања. Сите автопати кои се градеа тогаш се со такви елементи“, нагласи тој.

„За мене исклучувањето не ги збунува возачите, бидејќи има ознака. За жал, една ознака не беше завршена и има паднат знак. Инаку, сите елементи се правилно означени и навистина треба многу брзо да се врати банкината. Тоа е важно, за да не бидат возачите доведени во заблуда“, објасни инж. Зарев.

Тој изрази сочувство до семејствата на загинатите во катастрофата.

-Патот не е виновен за инцидентот. Веројатно властите ќе донесат одлука дека се работи за човечка грешка. Оваа делница се експлоатира 15 години во ваква состојба и е функционален. 15 години нема никакви дефекти“, истакна тој.

Според бугарскиот Институт за безбедност на патиштата во изминатите 3 години во овој реон имало само 10 полесни сообраќани незгоди.

„Доколку постоеше ризик, местото би се истражило. Тогаш би се заклучило дека одморалиштето и начинот на кој е дизајниран, постои висок ризик од тешка ПТП. Ќе имаште соодветни дејства за отстранување на недостатоците. Сега, по тешката катастрофа местото за запирање и одмор ќе биде побезбедено, но жртвите се факт“, пишуваат од Институтот.

„Неколку дена по тешката катастрофа се вложија сите напори да ни се покаже колку се опасни ознаките, знаците и еластичните огради, но тоа го знаевме и пред катастрофата. Исто така на сите им е јасно дека целиот наш транспортен систем е компромитиран и дека немаме ресурси, да го поправиме сега и веднаш“, се нагласува ставот.

Според бугарските власти автопатот „Струма“ е изграден пред 15 години од страна на македонската компанија ГП Маврово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот