24часа: ГП Маврово ја градеше делницата од Струма, таа е со слаб квалитет и небезбедна за сообраќај

Македонски автобус Бугарија
Запалениот македонски автобус во Бугарија/ Фото EPA-EFE/VASSIL

Македонската компанија ГП Маврово ја изгради делницата од Струма каде се запали автобусот со македонски регистрациски табличкии усмрти 46 лица, тврди „24 часа“.

„Од пред 15 години стана јасно дека оваа делница е со многу слаб квалитет. Лоша подлога и меки заштитни огради. Рефлекторите на нив, таканаречените мачкини очи, не ја рефлектираат светлината на фаровите и тешко се ориентираат, особено на аглите. Кривините имаат обратен наклон и собираат вода“.

Секогаш има локви на дожд и има опасност од аквапланинг. Затоа овој „автопат“ не е сертифициран како таков. Ограничувањето на брзината на него е 120 км/час, пишува порталот.

Уште пред 15 години возачите го предупредија тогашниот министер за транспорт Петар Мутафчиев дека патот е опасен и прашање на време е кога ќе стане голема несреќа, објави бугарскиот портал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот