По трагедијата на автопатот Струма, бугарското обвинителство ги проверува сите патишта во земјата

Запалениот македонски автобус во Бугарија
Запалениот македонски автобус во Бугарија/ Фото EPA-EFE/VASSIL DONEV

По трагедија на автопатот Струма во Бугарија по налог на главниот јавен обвинител започна увид во надзорот за законитоста на ознаките на патиштата и патната сигнализација на магистралните и на патните правци од прва класа на територијата на целата држава.

Увидот ќе го вршат заедно бугарски и меѓународни експерти, како и со оние од невладините организации.

Доколку има доволно докази за кривично дело од општа природа, материјалите ќе бидат испратени до врховното касационо обвинителство на преиспитување на кривично гонење на одговорни лица, соопшти државното обвинителство.

Материјалите од увидот ќе бидат испратени до Министерскиот совет со цел извршната власт да ги оствари своите овластувања и обврски според законот.

Од друга страна, тим бугарски истражители и обвинител во петок ќе поднесат барање за правна помош до скопското обвинителство и се очекува да добијат ДНК профили од роднините на загинатите заради идентификација на жртвите.

Портпаролот на главниот обвинител Сијка Милева ја истакна одличната соработка меѓу обвинителствата на Република Бугарија и Република Северна Македонија и увери дека се одржува континуирана комуникација за брза и ефикасна истрага.

Истрагата за инцидентот продолжува со распит на сведоци. Сведоштва веќе дадоа двајца од преживеаните патници во автобусот, а во текот на денешниот ден ќе бидат сослушани уште двајца од повредените, кои се на лекување во болницата Пирогов.

За предистражната постапка определени се бројни вештачења – форензички, автотехнички, противпожарно-технички и слично, како и сложени вештачења за расветлување на причините за инцидентот. Резултатите од обдукцијата на 44 жртви од сообраќајната несреќа покажуваат дека нивната смрт главно била предизвикана од задушување како последица од пожарот. Извршени се увиди на широк периметар на местото на несреќата, претстојат дополнителни прегледи на остатоците од автобусот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот