Пол Макартни со нова книга во која се присетува на култните песни создадени во времето на „Битлси“

Пол Макартни
Пол Макартни

Oд барање инспирација додека се возел во автобус, до наслови на песни во соништа, Пол Макартни се осврна на својот живот во неговата нова книга. Во неа тој се сеќава на некои од најпознатите песни кои ги напишал, пренесуваат од „Index.hr“

Книгата е опишана како „автопортрет во 154 песни“, „стихови од 1956 до денес“ и се протега низ годините на Макартниевата уметност и кантавторство, од тинејџерските денови како дел од култните Битлси, но и како дел од рок бендот Вингс, а и дел од успешната соло кариера.

Книгата беше објавена изминатата недела во два тома, составена во азбучен ред со стихови како „Hey Jude“, „A Hard Day’s Night” i „Penny Lane”.

„Кога ќе ја завршев песната, веднаш беше објавувана и не се грижев што ќе се случи со неа“ – рече тој на настанот по поводот објавата на оваа книга.

„Се помирив со тоа дека некој може нема да го разбере значењето, туку ќе има свое видување на книгата и тоа е нешто што морате да го прифатите кога сте во креативен процес“ – изјави тој.

На светската книжевна сцена присутни се и книги на покојниот Џон Ленон, со кој Макартни имаше најплодна соработка, како и неговата прва сопруга Линда, која почина во 1998.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот