Пол Гоген: Шест интересни факти за еден од пионерите на фовизмот и експресионизмот

Фото: Викимедиа/ Пол Гоген

Колоритот на францускиот уметник Пол Гоген, истакнатите пропорции на телото и острите контрасти му помогнаа да постигне голем успех кон крајот на 19 век. Ова се шесте интересни факти за познатиот уметник.

Дел од детството го поминал во Перу

Кога Гоген бил дете, семејството се преселило во Лима, Перу за да бидат поблиску до роднините на Гоген, по мајка. Таткото на Гоген, Кловис, имал намера да отвори списание во Лима, но тој починал за време на патувањето. Семејството продолжило да живее во Лима пет години, додека Гоген не наполнил седум години. Ова искуство влијаело на фокусот на Гоген кон примитивизмот.

Никогаш не учел сликарство

Гоген се запишал во поморско училиште во Париз и служел како помошник во трговската морнарица три години. Пред да започне професионално да слика, служел две годинии во француската морнарица. Сликал само во слободно време.

Професионалниот живот го започнал како брокер

На 23 години, му било понудена позиција да работи на париската берза и за кратко време станал успешен. Заработувал 30.000 франци годишно, приближно на плата од 150.000 долари, според денешните стандарди. Во текот на неговата кариера како брокер, тој продолжи да слика од хоби. Кога берзата паднала во 1882 година, Гоген се одлучил да стане сликар со полно работно време, додека сликал заедно со пријателите Камил Писаро и Пол Сезан.

Имал комплицирано пријателство со Винсент Ван Гог

Гоген и сликарот Ван Гог биле блиски пријатели, се допишувале за нивните теоретски и практични уметнички сфаќања, па дури и работеле заедно. Сепак, нивното дружење завршило, делумно затоа што Гоген не можел да се справи со непредвидливото однесување на Ван Гог и борбата со депресијата. Гоген го посетувал Ван Гог во неговата жолта куќа во Арл, каде што заедно сликале скоро три месеци. Набргу по неговото заминување, Ван Гог си го отсекол увото. Се претпоставува дека една од причините за насилството врз себе, е заминувањето на Гоген. Иако никогаш повеќе не се виделе, тие продолжиле да се допишуваат до смртта на Ван Гог.

Имал голема колекција на предмети, вклучувајќи и уметнички слики

Гоген со гордост собирал различни предмети, вклучувајќи цртежи, тахитски скулптури, мала група порнографски фотографии и керамика. Меѓу овие предмети имало и слики од неговите пријатели и модернисти, вклучувајќи ги Мане, Моне, Писаро и Сезан. Тој започнал да ја зголемува својата колекција пред да ја напушти Франција, а во текот на животот постојано ја дополнувал, носејќи ја со себе низ светот.

Бил татко на најмалку осум деца

Покрај петте деца што Гоген ги имал со сопругата Мете Софи Гад од Данска, тој исто така добил дете со љубовница во Франција, а имал најмалку две деца од времето на престојот на Тахити. Двајца од неговите синови, Жан Рене и Емил Марае а Таи, станале уметници. Три од неговите деца умреле додека Гоген сè уште бил жив. Некои историчари веруваат дека тој најверојатно имал повеќе деца отколку што се знае или признал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот