Погледнете ја реакцијата на украинскиот коментатор на победата: Ова е за вооружените сили на Украина

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Станувам тажен и лут кога луѓето велат дека е незаслужено. Освен што песната е добра, симболизира единство и солидарност, пишуваат следбениците на социјалните мрежи.

Ова е така важно за нас, извикуваше украинскиот коментатор на Евросонг, Тимур Мирошниченко, кој во својата земја е еден од најпопуларните водители. Преносот го водеше од засолниште, исто како што тоа го направи и во полуфиналето. Неговата реација на победата на Украина ги освои социјалните мрежи.

„Укриана е победник на Евросонг 2022 година“, викаше Тимур, а кога ја спомена војната, замалку не заплака:

„Вооружени сили на Украина, ова е за вас. За сите кои ја штитат нашата земја денес“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот