Поднесени предлог-измени на Изборниот законик – една изборна единица на парлемантарни и отворени листи на локални избори

Иницијативата за една изборна единица денеска поднесе два предлога за измени и дополнувања на Изборниот законик, соопшти денеска на прес-конференција во Собранието пратеничката Лилјана Поповска.

– Во првиот предлог побаравме да се направи промена од шест изборни единици на една изборна единица, а во вториот внаесовме отворени листи на локалните избори, еднаков број жени и мажи и на локалните и на парламентарните избори и механизам за избор на паритетна застастапеност на советниците на листите – изјави Поповска.

Таа посочи дека Иницијативата за една изборна единица сметала дека со овие измени земјата ќе обезбеди еден подемократски модел, што од една страна претставува можност за сите политички субјекти да учествуваат на изборите и да бидат избрани и гласовите на граѓаните да не пропаднат, туку да се преточат во пратеници во Парламентот, а од друга страна, можност за граѓаните директно да се изјаснат и на кому му даваат приоритет на локалните избори.

На прашањето околу тоа дали имаат доволна поддршка за да се изгласаат предлозите во Собрание, Поповска нагласи имаат поддршка од над 61 пратеник, од владејачката СДСМ, како и од други партии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот