Хусеин Чокиќ - Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Почина најстариот босански актер, Хусеин Чокиќ — живееше скоро цел век

На 96-годишна возраст почина најстариот босански актер, Хусеин Чокиќ, јавува „Кликс“.

Чокиќ имаше забележителни улоги во низа југословенски филмови. Кариерата во светот на глумата ја започнал пред скоро 75 години, во далечната 1953 година, во Народното позориште на Босанска Краина во Бања Лука. Тој имаше забележителни улоги во низа југословенски филмови, а повеќе од 40 пати се појави на големото платно. „Марш на Дрина“, „Валтер го брани Сараево“, „Коњух планином“, „Диверзанти“ и „Деветто чудо на исток“… се само дел од филмовите во кои настапи Чокиќ.

Последните години од животот тој ги помина во Пула.

Се појави и во вестернот „Винету Првиот“ во режија на Харолд Рајнл. Ќе остане запаметен и по неговата изведба на познатата монодрама „Сократовата одбрана и смрт“.

Почина Нихад Јусуфхоџиќ, еден од основачите на „Дивље јагоде“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот