Нихад Јусуфхоџиќ - Фото: Фејсбук

Почина Нихад Јусуфхоџиќ, еден од основачите на „Дивље јагоде“

Во Бихаќ вчера, на 72-годишна возраст почина Нихад Јусуфхоџиќ, музичар и еден од основачите на бендот „Дивље јагоде“. Јусуфхоџиќ во последните месеци се лекувал во Кантоналната болница во Бихаќ, а граѓаните претходно организирале и акции за дарување крв за него, пренесува „Кликс“.

Веста за неговата смрт предизвика бројни реакции во музичките кругови, особено меѓу поранешните членови и соработници на бендот. Од Јусуфхоџиќ се прости и пејачот Анте Јанковиќ, кој се потсети на долгогодишното пријателство и заедничките музички почетоци.

„Денес ме затекна вест што тешко се прифаќа. Замина мојот пријател Нихад Јусуфхоџиќ, човек со кого не делев само сцена, туку и дел од животот преку ‘Дивље јагоде’. Заедно свиревме, се смеевме и поминувавме низ сè што музиката и вистинското пријателство можат да донесат. Тие спомени засекогаш ќе останат со мене. Ти благодарам за сè што беше и што остави зад себе. Почивај во мир, пријателу“, напиша Јанковиќ на Фејсбук.

Нихад Јусуфхоџиќ на сараевската музичка сцена се појавил во 1972 година, свирејќи бас-гитара во рок групата „Зенит“. Со овој состав во 1974 година настапил на  фестивалот „БУМ“ во Љубљана, каде ја извеле песната „Стара је куќа празна“.

По настапите со „Зенит“, заедно со Сеад Липовача и Анте Јанковиќ ја основал хард рок групата „Дивље јагоде“. Со бендот учествувал на првите четири сингл-плочи и на нивниот деби-албум од 1978 година. Меѓу тие изданија се сингловите „Једина моја / Рокенрол“, „Мој дилбере / Пријатељ“, „Паткица / Кад би ви госпоѓо“ и „Немам ништа против / Бит че боље“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот