Почина една од најпознатите и најубави Бонд девојки

принтскрин/јутјуб

Актерката Хонор Блекман, најпозната по улогата на Бондовата девојка Пуси Галор, почина на 95 годишна возраст. Како што пишува „Гардијан“ таа починала од природна смрт.

Блекман се прослави со улогата на Кејти Гејл во серијата Одмаздници од 1960-те години.

Нејзиното семејство порача дека таа била обожувана мајка и баба која ја поседувала најневеројатната комбинација од убавина, памет и физичка сила.

– Со огромна тага објавуваме дека на 95 години почина Хонор Блекман. Почина мирно, од природна смрт во својот дом, опкружена со своето семејство. Беше сакана и многу ќе им недостасува на своите деца Барнабој и Лоти и на внуците Дајзи, Оскар, Оливе и Тоби, се наведува во соопштението од семејството.

принтскрин/јутјуб

„Освен што беше обожувана мајка и баба, Хонор беше и актерка со голем талент, неверојатна комбинација од убавина памет и физички способности, па со својот уникатен глас и работната етика постигна статус на икона во светот на филмот и забавата, а со целосната предаденост на својот талент и професионализмот во своето работење придонесе за настанувањето на некои од најголемите филмови и театарски продукции на сите времиња“, додаваат во соопштението.

Покрај веќе споменатите улоги на Кејти Гејл и Пуси Галор, нејзиното семејство ја истакна и улогата на одмазничката божица Хера, како и Лаура Вест во стикомот „The Upper Hand“. Таа глумеше и во мјузиклите „The Sound of Music“, „My Fair Lady“ и „Cabaret“.

Во последните години таа одеше на турнеи со својата претстава „Хонор Блекман“ во која се глумеше самата себе.

„Во претставата се осврнуваше на својот прекрасен живот, своите почетоци, семејството и подемот до ѕвезда, на свој вообичаен начин со многу хумор“, напишаа членовите на семејството.

Родена е во Лондон во семејство од средната класа. Таа знаела боречки вештини кои и помогнале да се прослави во споменатите улоги. Хонор се омажила два пати и ги посвоила двете деца, Лоти и Барнабој.

профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот