Почина девојката што татко ѝ ја застрела во Австрија
Почина во болница девојката во Виена која во вторникот беше застрелана во главата од нејзиниот татко од Србија, објави германскиот портал „Хојте“, пренесе „Мондо“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Лекарите два дена се бореле за животот на тешко ранетата девојка, но таа во четвртокот навечер ја изгубила битката за живот.
Србин во Виена ја убил жена си, пукал во ќерка си и во нејзиното момче, па си пресудил
За потсетување, мажот родум од село кај Петровац, во вторникот во стан во Виена ја уби својата 44-годишна сопруга, а тешко ги рани својата 24-годишна ќерка и нејзиниот сопруг. Потоа излегол од станот и на улица пукал кон австриските специјалци кои пристигнале по пријава.
– Полицајците возвратиле со оган, но убиецот успеал да влезе во својот „мерцедес“ и да стигне до неколку улици подалеку. Таму бил пронајден мртов во автомобилот, со прострелна рана во главата. Обдукцијата ќе утврди дали извршил самоубиство или загинал од полициски куршум – рекле извори.
За трагедијата да биде уште поголема, злосторството во станот во Виена го сведочеле и децата – втората 15-годишна ќерка, како и нивните две внучиња.
– Малечките се деца на убиената. Едното од нив нема повеќе од пет години, а другото е новороденче – потсетува изворот.


