Австриска полиција / Фото: Europol

Србин во Виена ја убил жена си, пукал во ќерка си и во нејзиното момче, па си пресудил

Осомничениот побегнал со автомобил, но бил најден мртов, додека во станот била пронајдена мртва 44-годишна жена и уште две лица, меѓу кои и неговата ќерка која се бори за животот.

Синоќа во Виена се случило страшно злосторство, Србин ја убил својата сопруга, ги ранил ќерката и нејзиното момче, а потоа извршил самоубиство. Ќерката е во критична состојба, објави српски Телеграф.

Полицијата била повикана во еден стан во Виена во вторникот околу 19:30 часот поради расправија и пријава дека се слушнало пукање. Според првичните информации, 44-годишниот маж од Србија бил забележан пред зградата. На улица избила нова престрелка меѓу осомничениот и полицијата – сведоци пријавиле дека биле испукани четири куршуми.

Осомничениот потоа побегнал со возило. Сепак, недолго потоа полицијата го пронашла мажот мртов во автомобилот. Во станот било пронајдено тело на 44-годишна жена, а уште две лица биле тешко повредени.

Ќерката (24) на осомничениот и нејзиното 26-годишно момче добиле помош на самото место и биле пренесени во болница.

Неколку мигови пред ужасниот чин на насилство, сосетката ја сретнала ќерката на Србинот и нејзиното бебе во лифтот. Девојката наводно рекла дека имала „лошо претчувство“ за настаните од таа вечер.

— Немојте да се изненадите ако денес стане уште погласно. Моите родители се разведуваат — кажала таа.

Точните околности што довеле до убиството и самоубиството засега не се познати. Еден од можните мотиви, според медиумите, би можел да биде претстојниот развод на брачниот пар.

Државната криминалистичка полиција на Виена веќе ја презела истрагата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот