По Медведев и Циципас и Рубљов го завршија настапот на мастерсот во Монтреал

Стефанос Циципас го заврши настапот на мастерсот во Монтреал/фото: EPA-EFE/ANDRE PICHETTE

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас е елиминиран во второто коло на Мастерсот од серијата 1000 што се игра во Монтреал.

Циципас е поразен од Џек Дрејпер во два сета и тоа со 7:5,7:6 за два часа и три минути игра. Во првиот сет, Дрејпер прв направи брејк во третиот гем, но Циципас возврати во шестиот гем за 3:3.

Потоа двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис во наредните четири гема, за во 11. Дрејпер повторно да направи брејк кој го потврди со сигурен сервис и поведе со 1:0 во сетови.
Вториот сет беше решен во тај-брејкот, прв направи мини брејк Циципас, но Британецот возврати и два пати го одзеде сервисот и на крајот славеше со 7:4 за пласман во осминафиналето и дуел со Гаел Монфилс кој пак беше подобар од Максим Крејси.

Елиминација во второто коло доживеа и осмиот светски тенисер Андреј Рубљов кој во два сета со 6:4,6:4.

Најголемо изненадување во второто коло направи Ник Кирјос со елиминацијата на првиот носител Данил Медведев и тоа со пресврт. Кирјос кој играше во финалето на Вимблдон и потоа триумфира на турнирот во Вашингтон, одличната форма ја потврди со победа над Медведев од 6:7,6:4,6:2.

Феликс Оже-Алиасим во два сета го совлада Јошихита Нишиока со 7:6,6:4, додека Камерон Нори загуби само три гема против Ботик ван де Зандшулп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот