Пливачите не се плашат од коронавирусот

пливање зимско првенство
фото: Национална пливачка федерација

Во наредните десетина дена, во Скопје ќе се одржат два меѓународни пливачки настани, Нептун Купот и Гран При Македонија, а организаторите велат дека засега нема најава за евентуални одложувања поради коронавирусот кој е регистриран и во Македонија.

Коронавирусот дојде и во Македонија, засега едно лице е потврдено дека е заразено, но засега нема најави дека спортските настани ќе се одложуваат.

Првиот спортски настан од меѓународен карактер ќе се одржи викендов (29 февруари – 1 март) во базенот Борис Трајковски, пливачкиот Нептун Куп во организација на ПК Нептун. На ова натпреварување се очекува покрај македонските пливачи да настапат и пливачи од Косово и од Албанија.

Организаторот вели дека засега нема никакви најави за евентуално одложување на ова натпреварување или пак откажување на пливачи и пливачки клубови иако од соседните држави, во Србија, Албанија и Косово нема регистрирано случај на заболени од коронавирус.

– Немаме никакви најави за било какво недоаѓање на пливачи или пливачки клубови. Станува збор за натпреварување кое ќе трае еден ден, а од странство би требало да учествуваат пливачи од Косово и од Албанија – вели Томи Стефановски од ПК Нептун.

Една недела подоцна ќе се одржи вториот Меѓународен пливачки митинг „Гранд при Македонија“ во организација на Националната пливачка федерација (НПФ).

Првиот човек на НПФ, Александар Филипчев, смета дека засега нема потреба од одложување на митингот бидејќи нема такви насоки и препораки од надлежните државни институции. На „Гранд при Македонија“ се очекува пристигнување на пливачи од Словенија, Албанија, Бугарија, Косово, Грција.

– Нема стравување од коронавирусот, ние сме подготвени за митингот за кој има пријави од Словенија,Србија, Албанија, Бугарија, Косово, Грција. Ние во целост ги следиме препораките на државните институции и доколку тие одлучат да забранат јавни настапи, тогаш ќе го одложиме „Гранд при Македонија“. Секојдневно имаме средби на управниот одбор на НПФ, се координираме и чекаме да видиме какви ќе бидат одлуките на државните органи во наредните денови и ние ќе ги почитуваме тие одлуки. Засега не се чувствува страв ниту кај пливачите ниту кај нивните родители, немаме откажувања ниту на тренинзите – вели Филипчев.

Засега и во останатите домашни натпреварувања нема најави за евентуално одложување на спортски настани, фудбалските, кошаркарските и ракометните натпревари засега ќе се одиграат според предвидениот распоред.

Досега во Македонија е регистриран само еден позитивен случај на заболен од коронавирус, пациентката која беше сомнителна е негативна на коронавирус, додека девет лица се ставени во домашен карантин,

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот