ОФИЦИЈАЛНО: Потврден првиот случај на коронавирус во Македонија

Министерот за здравство Венко Филипче денес на прес-конференција во Владата потврди дека во Македонија е регистриран првиот случај на новиот коронавирус. Станува збор за пациентка родена 1970 година од Скопје.

Пациентката во раните утрински часови е хоспитализирана во Инфективна клиника во Скопје, во одделот за излоација. Се третира соодветно,епидемиолошките анализи укажуваат на тоа дека таа 1 месец била во Италија, а веќе две недели била болна и иницијално се третирала во Италија. Таму не е тестирана за коронавирус – рече министерот Филипче.

Пациентката непосредно по влегувањето во Македонија, директно се упатила на Инфективната клиника.

– Тоа ни дава за право да сметаме дека инкубацијата е од одамна помината и дека таа при транспортот не претставувала опасност да ја пренесе болеста, но постапуваме по сите протоколи и сите патници кои патувале со неа ќе бидат идентификувани, тестирани и ставени во 14-дневна изолација – додаде Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот