Пласманот на ЕП станува невозможна мисија, Србија ги декласира футсалците

Македонските футсалци ќе се борат за учество на Мундијалот 2024/фото: фејсбук/ФФМ

Македонската футсал репрезентација доживеа убедлив пораз од Србија во квалификациите за ЕП 2022.

Вечерва во СЦ „Јане Сандански“, Македонија загуби со убедливи 1:6 од Србија и речиси и да ги загуби шансите за пласман на Европското првенство. По четири натпревари во квалификациите, Македонија има два бода и се наоѓа на последното место, додека Србија е второпласирана со пет бода.

Избраниците на селекторот Васко Скендеровски одлично започнаа и преку Исмаили поведоа со 1:0 во деветтата минута. Но, радоста траеше неполна минута, Србија преку Першиќ израмни на 1:1, а потоа со головите на Петровиќ, Петров и Лазаревиќ имаше убедливи 1:4 на полувремето. Во второто полувреме, селекцијата на Србија постигна уште два гола преку Томиќ и Ракиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот