Пирс Броснан (66) не личи на себе: Ниту трага од Џејмс Бонд! (ФОТО)

профимедиа

Актерот кој најмногу го паметиме по улогите во филмовите на Џејмс Бонд, 66-годишниот Пирс Броснан, овие денови го промени изгледот.

Пирс, по потекло од Ирска, веќе некое време го негува природниот изглед, но овие денови тоа особено доаѓа до израз – можеби поради одржувањето на социјалната дистанца со својот фризер.

Последните неколку години тој носеше брада и бркови со густа, кратко истрижана проседа коса, но гледаме дека тоа се променило.

Имено, за време на прошетката на Хаваи, каде поради пандемијата се оддалечи со семејството, фотографите го уловија за време на прошетка, а на нивните слики може да се забележи како неговата коса е доста долга и целосно седа.

Сепак мораме да признаеме дека овој Ирец и тоа како блеска со својот шарм. Пред неколку денови Пирс се пофали со семејната фотографија на која е со сопругата Кели, со која е во брак од 2001 година, како и нивните синови, Парис и Дилан и нивните девојки.

View this post on Instagram

Gra mor…Irish for big love #EasterSunday #rebirth

A post shared by Pierce Brosnan (@piercebrosnanofficial) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот