Пет смртни случаи изминатите 24 часа во ковид центарот во Тетово

Тетовска болница. / Фото: МИА

 Петмина хоспитализирани пациенти ја изгубиле битката со Ковид-19 во текот на изминатите 24 часа во Ковид центарот во тетовската болница.

-На лекување во болничките одделенија примени се нови 14 болни лица, а вкупно има 121 хоспитализиран. Од задржаните вакцинирани со една доза се шест лица, а со две вакцини пет луѓе, информира д-р Гзим Нуредини, координатор во тетовскиот Ковид центар.

Во амбулантите прегледи и контроли за 24 часа побарале вкупно 208 луѓе.

Извор: МИА

Видео на денот