Пепе за рекордни 80 милиони евра во Арсенал (ВИДЕО)

twitter.com/Arsenal

За потписот на Пепе (24) ова лето беше и Наполи, но во последен момент од трката се откажа италијанскиот вицешампион на нашиот Елиф Елмас.

Интернационалецот од Брегот на слоновата коска настапува како крило, во новиот клуб ќе го носи бројот 19 на дресот.

Според англиските медиуми договорот е на пет години според кој ќе заработува пет милиони евра годишно, а со овој трансфер стана и најскапиот африкански фудбалер во историјата. Рекордер досега беше Алжирецот Ријад Марез кој минатото лет за скоро 70 милиони евра од Лестер се пресели во Манчестер сити.

Менаџерот на „топчиите“, Унаи Емери вели дека Пепе е високо оценет и талентиран крилен играч, чии перформанси ги посакуваат голем број топ европски клубови.

– Потпишувањето со врвно крило беше една од нашите клучни цели овој преоден рок и задоволен сум што тој ќе ни се приклучи. Ќе додаде темпо, моќ и креативност, со цел да онесе повеќе голови за нашиот тим – рече Емери.

Ланската сезона за Лил имаше 22 голови и 11 асистенции. Само Килијан Мбапе имаше повеќе (40) комбинирани голови и асистенции во „Лига 1“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот