Го одби Наполи, за 80 милиони евра во Арсенал

goal.com

„Топчиите“ како обесштетување за крилниот напаѓач Пепе (24) ќе му платат на Лил вкупно 80 милиони евра.

Пепе кој може да придонесе и во делот на нападот смета дека на „Емирати“ ќе има подобра лига за негов уште поголем развој како професионален фудбалер.

Иако првично се шпекулира дека се договорил со Наполи, понудата на Арсенал била поатрактивна.

На оваа одлука влијаеле и менаџерите, кои добиле додатен бонус од Арсенал со цел нивниот клиент да дојде во Лондон.

Освен за Лил, во Франција настапуваше уште за екипите на Поитие, Анжер и Орлеан. За селекцијата на Брегот на Слоновата коска имал досега 15 натпревари и четири голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот