Пензионери се изненадиле кога слушале кој им ги платил сметките: „Мислев дека сонувам“ (ФОТО)

твитер

Американскиот актер, сценарист, режисер и продуцент, Тајлер Пери, ги воодушевил постарите граѓани во еден трговски центар. Имено, Тајлер ги платил нивните сметки за намирниците.

„Погледнете ги тие лица. Можете да ги видите солзите и насмевките преку маските“, напишал еден Твитер корисник.

„Дојдов рано во продавницата. Побрзав да земам се што ми треба. Се израдував кога видов дека има доволно намирници, брисачи за раце,тоалет, јајца, брашно… Откако на касата се ми беше искуцано, продавачката рече дека за се платил Тајлер Пери. Беше 7 часот наутро, уште го немав испиено првото кафе, па мислев дека сонувам“, раскажал еден од среќните купувачи.

„Добри луѓе има насекаде. Тајлер тоа го докажа низ годините“, „Доказ дека хуманоста уште е жива“, „Прекрасен гест“, коментирале луѓето на социјалните мрежи за потегот на Тајлер.

Инаку, 50-годишниот Пери во 2011-та година магазинот „Forbes“ го прогласи за најплатена личност во светот на забавата. Помеѓу мај 2010-та и мај 2011-та година тој заработи 130 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот