Пејачот на Бекстрит бојс обвинет за сексуално злоставување на дете: Ја силувал во спалната соба на својата јахта

Фото: Fernando Leon / Everett / Profimedia

Пејачот на познатата група Бекстрит бојс, Ник Картер, е обвинет за сексуален напад врз 15-годишно девојче, пренесуваат светските медиуми.

Во тужбата, поднесена доцна во понеделникот во Окружниот суд во округот Кларк, се наведува дека Картер повеќе пати во 2003 година сексуално нападнал тогаш 15-годишно девојче од Пенсилванија. Картер имал 22 и 23 години за време на наводните инциденти.

Наводно злоставуваното девојче сега е возрасно лице идентификувано како А.Р. и тврди дека Картер ја силувал во спалната соба на неговата јахта. Во тужбата се наведува и дека Картер „ѝ наредил на А.Р. инцидентот да го држи во тајност“.

Неколку дена подоцна, се наведува во тужбата, Картер и неговата сестра Анџела ја охрабриле А.Р. да се сретне со него во автобус на нивниот имот на Флорида. Кога пристигнала, таа рекла дека Картер ја принудил на сексуален чин. Во тужбата се наведува и трет инцидент кој наводно се случил во октомври 2003 година кога се одржала забава на чамци во сопственост на Картер.

Се вели дека Картер бил таму со неговата сестра Анџела и најмалку тројца возрасни мажи. Според тужбата, А.Р. се опила и била одведена во кабина на јахта каде што Картер наводно дозволил уште тројца мажи да го гледаат како има секс со неа. Таа наведува дека неколку пати барала од него да престане. Како резултат на овие наводни напади, во тужбата се наведува дека таа се заразила со со хуман папилома вирус (ХПВ).

А.Р. вели дека ѝ кажала на мајка ѝ за нападите по третиот инцидент и дека тие биле пријавени во округот Јужен Јорк, Пенсилванија во декември 2003 година. Најмалку уште две жени претходно излегоа со слични тврдења.

Адвокатот на Ник Картер, Дејл Хејлс Јуниор, изјавил за „ТМЗ“ дека властите ги истражиле нејзините тврдења пред две децении и не нашле ништо против кое би било покренато обвинение.

Адвокатот на Ник вели дека А.Р. едноставно „ги повторува истите лажни наводи во нова тужба“, но тоа „не ги прави повеќе вистинити“.

Во декември, Шенон Рут поднела жалба во округот Кларк, тврдејќи дека Картер сексуално ја нападнал во туристички автобус кога имала 17 години.

Окружното обвинителство на Лос Анџелес го отфрли случајот од 2018 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот