Пашкото сирење со тартуфи повлечено од пазарот

Сирење со тартуф/ Фото: Elena Philippe / Alamy / Alamy / Profimedia

Државниот инспекторат на Хрватска соопшти дека го повлекува кравјото сирење со тартуфи од Пашка Сирана поради можност за контаминација со бактерии од родот листериа моноцитогенес. Производот од 240 грама, „ЛОТ 621ЛВХ“, со рок на траење до 1 април 2023 година, се повлекува, објавија од Инспекторатот, пренесува Далмација данас.

„Производот не е во согласност со Регулативата на Комисијата од 15 ноември 2005 година за микробиолошки критериуми за храна “, објави Хина. Производител на сирењето е Пашка сирана, а се продава од ЗИГАНТЕ Тартуфи.

Сирењето oд Паг е секако најпознатиот и најценетиот производ не само на островот Паг, туку и на сите хрватски острови воопшто. Паг е надалеку познат и по сол, јагнешко и чипка, но сирењето сепак зазема посебно место во оваа „света детелина со четири листа“. Најголем производител на овој деликатес, кој се добива исклучиво од овчо млеко од островот, е Пашка сирана, може да се прошита во дел од хрватските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот