Паника во главниот град на Гвинеја: пукотници кај затворот во Конакри, оклопни возила и специјалци на готовс
Засилени безбедносни мерки се воведени по информациите за продолжени пукотници во близина на централниот затвор во главниот град на Гвинеја, Конакри, објави „Ројтерс“.
Препорачано
Сѐ уште не е јасно кој пукал и што ја предизвикало престрелката во вторникот, а надлежните засега не дадоа официјален коментар.
Сведок изјавил дека видел повеќе воени пикап-возила со вооружени припадници на безбедносните сили и оклопно возило со монтиран митралез распоредени околу централниот административен реон Калум. Во Калум се наоѓа и претседателската палата.
Безбедносен кордон составен од полицајци и од специјални единици го блокирал пристапот кон подрачјето што води до затворот во вторникот наутро, изјави новинар, иако подоцна сите пристапни правци биле повторно отворени.
Пред затворот биле забележани најмалку три оклопни возила на специјалните сили, а од објектот излегле и три амбулантни возила.
„Го слушнав звукот на возила што бргу поминуваат. Потрчав кон прозорецот и слушнав автоматска стрелба“, изјави Тиерно Балде, сметководител кој работи во соседството, потврдувајќи слични изјави од други сведоци.
Според сведоците, пукањето почнало кратко пред 9 часот наутро и траело нешто повеќе од половина час, со интензивна автоматска стрелба.
Пензионираниот државен службеник Абдурамане Дукуре изјави дека поминувал покрај затворот со автомобил кога ги слушнал истрелите.
„Бидејќи имаше сообраќаен метеж, сите излетавме во различни насоки за да се спасиме“, рече тој.
Друг жител, чиј дом се наоѓа веднаш до затворот, изјави дека слушнал пукање внатре во објектот, но додаде дека „во моментов ситуацијата се смирила“.
„Но, не знаеме колку ќе трае тоа“, дополни жителот.
Откриен таен камп во Етиопија: Илјадници борци се обучуваат за војна во Судан


