Панчевски: Трипати ме ставија во „Шутка“ по налог на Заев и не барав заштита, на Груби ако не и негувателка да му дадеме

Поранешниот претседател на Кривичниот суд и судија во Одделот за организиран криминал, Владимир Панчевски, реагираше на судската одлука за куќен притвор на Артан Груби, откако вчера утрото тој дојде сам на граничниот премин „Блаце“ и беше приведен.

Панчевски вели дека бил трипати затворан по налог на тогашниот премиер Зоран Заев, но дека никогаш не побарал заштита, за разлика од Груби.

„Јас бев претседател на најголемиот Кривичен суд во државава, бев шеф на судскиот Оддел за организиран криминал, а како судија во тој оддел судев тешки криминалци, да не ги набројувам. Во Шутка ме ставаа и вадеа по налог на Зоран Заев трипати и ниту еднаш не побарав заштита или се повикав на мојата сигурност и безбедност! Македонија е држава со двојни стандарди. Ако не и негувателка, обезбедување и возило мајбах да му дадеме за проневерени милијарди на товар на граѓаните! В.Д обвинителката денес ја изгнаси својата обвинителска тога, после ова таа ли ќе биде Државен обвинител???, напиша Панчевски на Фејсбук.

Панчевски пред три дена најави дека ќе пишува книга за Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Панчевски формално нема да поднесе кривична – „институциите по допрен глас треба да се самоуапсат!“

Кривичниот суд синоќа го прифати предлогот на Обвинителството и на поранешниот вицепремиер Артан Груби, обвинет за милионски злоупотреби, кој повеќе од една година беше во бегство, му определи поблага мерка – куќен притвор.

Груби ја измести политичката сцена

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот