Фото: Артан Груби / Фејсбук

Судот го прати Груби дома на предлог на ОЈО, ама ќе му го земат пасошот за да не може пак да бега

Поранешниот вицепремиер обвинет за милионски злоупотреби оди во куќен притвор, по барање на Обвинителството, кое кога Груби избега од Македонија, бараше тој да оди во притвор во „Шутка“

Кривичниот суд вечерва соопшти дека го прифатил предлогот на Обвинителството – на поранешниот вицепремиер Артан Груби, обвинет за милионски злоупотреби, кој повеќе од една година беше во бегство, а утрово се врати во Македонија, да му се определи поблага мерка и тој да оди во куќен притвор.

Кога Груби, кој е обвинет за милионски злоупотреби во Државна лотарија, во декември 2024 година избега од Македонија, истото обвинителство бараше, а истиот суд во отсуство му определи мерка притвор на поранешниот висок државен функционер.

„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, по произнесување на осомничениот А.Г., кој вечерва беше спроведен во судот, донесе решение со кое го прифати предлогот на јавниот обвинител и на одбраната за определување мерка куќен притвор со дополнителни мерки за обезбедување присуство против осомничениот“, велат од Кривичниот суд.

„Откако утрово КПУ затвор „Скопје“ го извести судот дека осомничениот А.Г. од 09:20 часот е спроведен во установата каде што започнал со издржување на мерката притвор, определена со решение од 17.12.2024 година, а стапува на сила од негово пронаоѓање односно лишување од слобода, судот за тоа го извести Основното јавно обвинителство и по нивно барање издаде наредба за спровод на осомничениот пред Јавен обвинител за негово сослушување. Воедно, во текот на денот, одбраната на осомничениот, до судот достави предлог за замена на мерката притвор со куќен притвор, кој предлог е проследен до надлежното јавно обвинителство, за да се произнесе по него. Со оглед на фактот дека Jавното обвинителство ја води истрагата и согласно законските овластувања оценува која мерка е соодветна и доволна за непречено водење на истрагата, обвинителството до судот писмено достави позитивно мислење, а воедно на самата расправа за сослушување и Јавен обвинител предложи определување поблага мерка за обезбедување од претходно определената“, се вели во соопштението.

„Врз основа на сето тоа, судот го сослуша осомничениот во присуство на негов бранител и донесе решение за замена на мерката притвор со мерка куќен притвор со 24-часовен надзор, којшто е доверен на Министерството за внатрешни работи, а дополнително определена е и мерка за претпазливост – одземање на патната исправа и забрана за издавање друг документ за преминување на државната граница. Против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет“, велат од Судот.

Груби ја измести политичката сцена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот