Чинот веднаш предизвика лавина реакции дека неговото враќање е договорено, дека зад решетки ќе стави поранешни високи функционери, пред сè, од СДСМ, но можеби и по некој од ДУИ, со што се подготвува терен на следните избори, неговата партија, „прочистена и реформирана“, да биде дел од новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ
Враќањето на Артан Груби во земјава и неговото приведување на граничниот премин Блаце ја измести политичката сцена. Груби повторно е во центарот на вниманието откако пред една година избега од земјата за, како што тогаш рече, да заврши некои обврски во Косово. Груби во негов стил, полн со себе и со насмевка, беше приведен на граничниот премин и веднаш предизвика лавина реакции дека неговото враќање е договорено, дека зад решетки ќе стави поранешни високи функционери, пред сè, од СДСМ, но можеби и по некој од ДУИ, со што се подготвува терен на следните избори, неговата партија, „прочистена и реформирана“, да биде дел од новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ е убеден дека зад враќањето на Груби има „дил“ и дека е „гума за спас“ на премиерот Христијан Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ навестува дека кај Груби е клучот за експремиерот Зоран Заев и брат му Вице Заев, како и за пратениците Оливер Спасовски и Венко Филипче, да завршат зад решетки. Вреди се надева дека освен Груби, „курбан“ ќе одат и функционери од ДУИ, додека партијата на Али Ахмети го поздрави враќањето на Груби и очекува фер судски процес без политички влијанија.
– Ги разбираме од СДС, тие се нервозни и фрустрирани, бидејќи Артан Груби е уапсен, и сега може да изнесе податоци за аферите и криминалите за кои здружено работеа со Зоран Заев, Вице Заев, Оливер Спасовски, Венко Филипче – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Бране Петрушевски Фото: партија
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски смета дека со апсењето на Груби,
правдата го добила своето место, а тој ќе се соочи со правдата.
– Артан Груби, кој важи за олицетворение на криминалот и корупцијата предводена од СДС и ДУИ, конечно ќе се соочи со правдата. За потсетување на јавноста, криминалот на бегалецот од правдата Груби достигна вредност од минимум 500 милиони денари или повеќе од осум милиони евра, а има индиции дека оваа сума може да надмине десетици милиони евра, пари украдени од граѓаните. Дополнителен криминал на Груби, заедно со неговиот другар Бајрами, тогашен директор на Државната лотарија, освен што местеле милионски тендери, е исплаќањето аванси на деловни соработници – вели Петрушевски.
Петрушевски додаде дека за милионскиот криминал на Груби знаел и СДСМ, но молчел за да не им пропадне коалицијата и дека со тоа станал соучесник.
– Груби крадеше, СДС молчеше и одобруваше. Сега е време на одговорност. Борбата против криминалот и корупцијата е приоритет за ВМРО-ДПМНЕ, таа ќе продолжи и секој што се огрешил пред законот, порано или подоцна, ќе се соочи со правдата – рече Петрушевски.
Владејачката Вреди го спореди Груби со „црна кутија“ како владеела ДУИ.
Вреди Фото: Фејсбук Вреди
– Артан Груби е учесник и извршител на сите матни зделки на ДУИ. Затоа, Мала Речица се тресе од страв затоа што не знаат за што сè е подготвен Артан да прозбори. Откако ДУИ катастрофално изгуби на локалните избори и паднаа во вода сите лажни ветувања на Ахмети за предвремени избори и наводен влез во Владата, на Артан не му останува ништо друго освен да се соочи со сопствените гревови. Но кој сè ќе оди курбан, заедно со него, допрва ќе видиме – велат од Вреди.
Опозицискиот СДСМ смета дека враќањето на Груби е театар и дека и бегството и враќањето е договорено со ВМРО-ДПМНЕ.
– ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. По денешниот театар на македонската граница веќе на сите им е јасно дека бегството на Артан Груби беше политички договор. Ова го најавивме уште во декември 2024 година. Сега само се потврди пред очите на македонската јавност. Како што се договорија да го пуштат, така сега се договорија да се врати. На овој начин ВМРО, со поддршка од ДУИ, сака да го покрие најголемиот наркоскандал со пет тони дрога што води до врвот на Владата на Мицкоски – вели Богданка Кузеска, портпаролката на СДСМ.
Богданка Кузеска Фото: партија
Според неа, нема борба против криминалот и корупцијата, туку станува збор за договорена кампања поради падот на рејтингот на Мицкоски. Целта на владејачката партија е повторно да се поврзе СДСМ до ДУИ, исто како што за многу случаи во изминатите недели ги поврзуваа со двете партии, додаде портпаролката.
– А вистината е дека ВМРО-ОКГ се во „дил“ со ДУИ. Власта го презема судството и Обвинителството под своја контрола, се рушат предметите на СЈО и сега е вистинското време Груби да се предаде. Кој се смее кога го апсат? Како нема ниту една камера за пет тони дрога, а има камери за Груби – праша Кузеска.
Од ДУИ позитивно ја оценуваат одлуката на Груби да се врати во земјава и дека со тоа се создава можност преку транспарентна, правична и непристрасна постапка да се изнесат сите аргументи и да се разјаснат сите прашања.
-Очекуваме процесот да се одвива во согласност со највисоките стандарди на владеење на правото, со високо ниво на транспарентност во интерес на јавноста, но пред сè со целосно почитување на презумпцијата на невиност и со заштита на индивидуалните права и слободи – реагираше ДУИ.
ДУИ останува непоколеблива во ставот дека правдата мора да биде еднаква за сите, без селективност, без двојни стандарди и без политички влијанија. Само правична и професионална постапка ѝ служи на вистината, на институциите и на довербата на граѓаните – велат од ДУИ.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Веројатно сите скопјани во изминатава недела дознаа и се запознаени со гласањето на Советот на Општина Центар, каде што советниците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ го изгласаа нацрт ДУП-от за градска четврт Ј-05, позната како Барутана, со што на оваа локација на Водно ќе се отвори можност да изградба на десетина или повеќе објекти на два …
Сите ние во некој момент сме заглавиле на социјалните мрежи со оние „pick a card“ видеа, прашувајќи се дали универзумот се обидува да ни испрати некој знак. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Англискиот репрезентативец Морган Роџерс за 117 милиони фунти во Челси 2 Силно невреме го погоди регионот: Град, поплави и …