Фото: Архива на „Слободен печат“

Панчевски ќе објавел книга за СЈО, вели: „Образ не се купува“

Кандидатот за државен јавен обвинител Владимир Панчевски кој единствено доби едногласно негативно мислење од Советот на јавни обвинители и на својот фејсбук-профил најави кривична пријава, сега преку социјалните мрежи откри дека пишувал книга за Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

„Животот не е 4 години, не е ни 6, не е ни функција, ни власт, животот е долг и полн со искушенија од нечесни луѓе, лажомани и предавници, но полн е и со чесни, искрени и добронамерни кои го топлат срцето. Животот е образ, труд и достоинство, тоа го имаш или го немаш. Во светот можеш се да купиш и бут и врат и кременадла, образ никој не продава! Споделувам со вас една епизода од моја најнова книга која е дадена во печат (наскоро излегува), забавно е прочитајте ја за СЈО е!“, напиша Панчевски.

Според Панчевски, тоа е „она истото СЈО што деновиве и истури закани за тужби на мојата драга колешка Лејла Кадриу за сите вистини што ги кажа, но конкубината на Трајче Пеливанов (претендент за ДЈО) не се ни одважи да отвори постапки против нив или барем за почеток да ги суспендира“.

Инаку, Панчевски во објава за „Слободен печат“, откако доби негативно мислење од Советот на јавни обвинители и најави кривична пријава, тој рече дека таа нема формално да ја поднесе, туку очекува институциите по допрен глас да реагираат.

Панчевски формално нема да поднесе кривична – „институциите по допрен глас треба да се самоуапсат!“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот