Панчев: Македонија го постигна најголемиот успех, а Србија беше „шлагот на тортата“

дарко панчев-македонски фудбалери репрезентација
„Реков синоќа дека вчерашниот ден беше за уживање во екс-ју фудбалот“ Колаж: СП. / Фото: Слободен печат, Драган Митрески

Најдобрите македонски фудбалери за првпат ќе играат во баражот за пласман на Светско првенство после триумфот во Скопје над Исланд (3:1).

ВИДЕО: Фудбалерите продолжуваат да испишуваат историја, Македонија ќе игра во мундијалскиот бараж

Поранешниот македонски репрезентативец, легендата на Црвена звезда, Дарко Панчев ја коментираше победата на Србија над Португалија, но и влезот на македонската А репрезентација во доигрувањето за учество на Мундијалот во Катар 2022.

– Реков синоќа дека вчерашниот ден беше за уживање во екс-ју фудбалот. Сè започна со Хрватска, која имаше тежок натпревар, но успеа да оствари пласман на СП. Потоа, Македонија го постигна најголемиот успех кога се во прашање квалификациите и пласманот во бараж, а „шлагот на тортата“ беше пласманот на Србија – рече Панчев.

Хрватите во Сплит благодарение на автоголот на рускиот репрезентативец Кудрјашов го обезбеди местото на СП.

Македонија во Скопје со головите на Елмас и Алиоски триумфираше над Исланд, а Србите направија пресврт во Лисабон против Португалија (1:2) со погодоците на Тадиќ и Митровиќ.

ВИДЕО: Србија ќе игра на СП во Катар, Митровиќ ги шокираше Роналдо и Португалците

Милевски: Овие фудбалери имаат потенцијал за поголеми работи 

Ангеловски им честита на фудбалерите: Повторно ја направивте Македонија горда

Барди, Трајковски и Елмас беа нашите најдобри стрелци во мундијалските квалификации

Алиоски: Нашата сила е во заедништвото, сега сме каде што треба да бидеме

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот